Вкупно 309 луѓе го загубиле животот на австриските Алпи минатата година при качување, скијање, возење велосипед и други активности, пренесоа австриските медиуми. Најголем дел од жртвите биле Австријци, 178, по што следуваат германските државјани со 85 жртви. Годишниот извештај за жртви на планините го објавува Австрискиот комитет за безбедност на планините (ОКАС). Минатогодишниот број е поголем од 2022 година кога загинаа 271 лице.
ОКАС во својот извештај наведува дека најчести причини за смрт се кардиоваскуларните проблеми. Претседателот на организацијата, Питер Паал, ги предупреди постарите да го проверат своето здравје пред да се занимаваат со спортски активности во планините. Голем број луѓе загинале по пад или сопнување, а 16 лица загинале во лавини или поради паѓање дрвја. Повредени се речиси 9,3 илјади луѓе, нешто повеќе од 2022 година. Најголем дел од повредите се на скијачките центри. 4,3 илјади луѓе се спасени од вонредни ситуации без повреди, се вели во извештајот. Австрија има повеќе од 13 илјади активни спасувачи кои пружаат помош во случај на несреќи во планините.