Индискиот премиер Нарендра Моди и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун., српскиот претседател Александар Вучиќ, но и претседателот на Република Српска Милорад Додик се дел од имињата кои се потврдени за присуство на парадата во Москва на 9 мај по повод крајот на Втората светска војна во Европа во 1945 година. Како што пишува Индекс.Хр. повеќе од дваесет светски лидери ќе присуствуваат на воената парада на покана на рускиот претседател Владимир Путин. Како што пренесува хрватскиот медиум, бројот на странски лидери кои учествуваат во прославите на Денот на победата значително се намали по нелегалната анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година. Во 2022 година, нешто повеќе од два месеци откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, ниту еден странски лидер не дојде на прославата во Москва.
Во меѓувреме портпаролката на Европската комисија, Пола Пињо рече дека одењето на парадата во Москва е потврда за тоа колку е моќна руската пропаганда. „Прославата на Денот на победата е дел од руската пропаганда и обид да се оправда инвазијата на Украина, затоа земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати треба да се воздржат од присуство на настанот“, изјави таа. Европа: Александар Вучиќ – претседател на Србија. Вучиќ е на власт од 2012 година, а неговото владеење е обележано со пад на демократските стандарди, намалување на медиумската слобода и политички притисоци врз опозицијата. Роберт Фицо – премиер на Словачка: По враќањето на власт во 2023 година, Фицо усвои закони кои го ограничуваат дејствувањето на невладините организации и слободата на медиумите, што предизвика масовни протести и критики од ЕУ. Милорад Додик – претседател на Република Српска: Додик е неправосилно осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичко дејствување поради кршење на уставниот поредок на БиХ. Неговите сепаратистички активности ја предизвикаа најдлабоката политичка криза во земјата од војната во 1990-тите.
Кавказ – Илхам Алиев – претседател на Азербејџан: Алиев владее од 2003 година, а неговата власт се карактеризира со авторитаризам, задушување на опозицијата и ограничување на медиумските слободи. Никол Пашињан – премиер на Ерменија: Пашињан дојде на власт во 2018 година по масовни протести и спроведе реформи кои ја зајакнаа демократијата и слободата на изразување во земјата. Источна Азија Си Џинпинг – претседател на Кина: Си ја консолидираше власта со укинување на ограничувањата на мандатите и ја засили репресијата врз дисидентите, Ујгурите и медиумите. Ким Џонг-ун – лидер на Северна Кореја: Владеењето на Ким е обележано со тоталитарен режим, кршење на човековите права, вклучувајќи присилен труд, тортура и ограничување на основните слободи.
Јужна Азија Нарендра Моди – премиер на Индија: Владата на Моди се соочува со критики поради дискриминација на малцинствата, задушување на слободата на изразување и напади врз невладините организации. Централна Азија Касим-Жомарт Токаев – претседател на Казахстан: Токаев најави политички реформи, но критичарите се скептични поради продолженото авторитарно управување и ограничувањето на политичката конкуренција. Шавкат Мирзијоев – претседател на Узбекистан: Мирзијоев спроведе одредени реформи, но се забележани случаи на репресија врз новинари и ограничување на политичките слободи. Емомали Рахмон – претседател на Таџикистан: Рахмон е на власт од 1992 година, а неговото владеење се карактеризира со авторитаризам, задушување на опозицијата и ограничување на верските слободи. Садир Жапаров – претседател на Киргистан:
По доаѓањето на власт, Жапаров ја засили репресијата врз опозицијата и медиумите, вклучувајќи донесување закони кои ја ограничуваат слободата на изразување. Сердар Бердимухамедов – претседател на Туркменистан: Бердимухамедов ја наследи власта од својот татко, а земјата останува една од најрепресивните во светот, со ограничени политички и граѓански слободи.
Југоисточна Азија Тонглун Сисолит – претседател на Лаос: Владеењето на Сисолит се одвива во еднопартиски систем со ограничени политички слободи и контрола над медиумите. То Лам – претседател на Виетнам: Долгогодишен министер за безбедност, познат по репресијата врз дисиденти и ограничувањето на слободата на изразување. Неговото доаѓање на претседателската функција предизвика загриженост за натамошно зацврстување на авторитарната власт. Блиски Исток Махмуд Абас – претседател на Палестина: Абас е претседател од 2005 година и сè уште е на власт и покрај тоа што мандатот му е одамна истечен. Властите на Западниот Брег често се обвинети за задушување на политичкиот плурализам и ограничување на медиумската слобода.
Африка Умаро Сисоко Ембало – претседател на Гвинеја-Бисао: Ембало е избран во 2019 година, иако ја презеде власта преку демократски избори, неговото владеење е обележано со тензии со парламентот и чести политички превирања, а независноста на судството е ограничена.Ибрахим Траоре – претседател на Буркина Фасо: Траоре дојде на власт преку воен удар во 2022 година и ги суспендираше демократските процеси, вклучувајќи избори. Во земјата се забележани бројни кршења на човековите права, вклучувајќи насилство врз цивили и ограничување на слободата на изразување. Јужна Америка и Кариби Луиз Инасио Лула да Силва – претседател на Бразил: Лула е демократски избран, откако во 2022 година го победи крајно десничарскиот противник Жаир Болсонаро. Неговата влада промовира човекови права, заштита на животната средина и обнова на независноста на судството. Николас Мадуро – претседател на Венецуела: Власта на Мадуро широко се смета за авторитарна. Судења против политички противници, задушување на протести и контрола над медиумите се евидентирани како системски кршења на човековите права. Мигел Диас-Канел – претседател на Куба: Диас-Канел раководи со еднопартиска држава без слободни избори. Владата задушува политичко несогласување, затвора дисиденти и ја ограничува слободата на изразување и собирање.