Премиерот на Албанија Еди Рама е почестен со „Претседателски медал на честа на Израел“ за неговата посветеност „во борбата против антисемитизмот и за напорите на Албанија за зајакнување на односите со Израел“.
Рама во својот говор на официјалната посета ја спомена важноста на заштитата што албанскиот народ им ја понуди на Евреите за време на Втората светска војна и најави дека Албанија е во фаза на изградба на два еврејски културни центри.