Гејмерите често знаат да си го постават прашањето „Што да играм сега“ доколку им здосадат тековните игри што ги играат со години. Вообичаено тука е последователно и прашањето „Која игра е сега најдобра за мобилни?“. Во овој напис ви ja преставуваме моментално најдобрaта бесплатна средновековна фантазиска игри за мобилни телефони.
Најновиот наслов кој штотуку излезе е Game of Thrones: Kingsroad достапна за Android и iOS.
Серијата Game of Thrones беше доста популарна низ целиот свет и Македонија додека се емитуваше. Тоa беше серија која го промовираше серијалот книги на Џ.Р.Р. Мартин и истовремено ја промовираше епската фантастика, овојпат во „хардкор сурова верзија на експлицитност од сите видови“ што ја заинтригира и мејнстрим публиката да ја следи. Така што темите и ликовите во играта ќе им бидат добро познати на сите луѓе, а и самата игра Game of Thrones: Kingsroad засега има добар одзив и позитивни реакции и фидбекот е одличен.
Играта има своја приказна и среќавате маркантни ликови од сериите што се препознатливи како што е „Џон Сноу“ на самиот почеток од играта како и движењето низ локации што се препознаваат како „Кингс Лендинг“ и „Ѕидот“ што се детално направени да потсетуваат на актерите и локациите од серијата. Во играва бирате помеѓу три класи „Витез, Платеник (Платен Војник) и Асасин (Убиец)“.
Секако Витезот во овој свет не е баш класичен, но е кул верзија на малку „подив витез“ со дискутабилен морален компас и не е баш во „тотално светликав оклоп“ туку напротив повеќе тежи накај архетипот „Црн Витез“ сепак класата Витез изгледа најдобро во смисла на класичен главен лик најадекватен за приказната. Додека „Платеникот“ и „Асасинот“ се повеќе како странични ликови за поддршка иако би ги терале како главни ликови, ова е трејлерот за „Платеникот“:
Платеникот е класичен крупен воин што користи двораки оружја и има силни удари и е најлошо анимиран од трите класи дека е направен премногу широк и висок, но сепак изгледа добро – ако сакате да играте варварин што удира полека, но знае да зададе тешки удари ова е добра опција. И за крај според стримерите и јутуберите класата Асасин за која се смета дека е најдобар лик за брзо елиминирање непријатели и најмоќна класа моментално за полесно напредување во играта секако ќе ги потсети сите гејмери и гејмерки што ја гледале серијата на ликот “Арија Старк” и “Гилдата на Асасините”:
Играта изгледа супер, особено поради тоа што е првично наменета за мобилен телефон, но може и да се симне и на Steam за на компјутер ако немате телефон што одговара на перформансите што играта ги бара. Играта е сосема бесплатна, но секако се очекуваат опции и за понатамошни микротансакции за да опстои. Сега за сега критиките се одлични. Извор: Новинска агенција МЕТА