16.8 C
Скопје
07/06/2025 01:37
МАКТЕЛ

   

ПРЕСМЕТКАТА ДО ИСТРЕБУВАЊЕ МЕЃУ БЕЛАНОЦА И ДУЌАНЧИЌ ПОЧНАЛА ВО 2009-ТА ГОДИНА!

      

„Фокус“ прави хронологија на настаните – кога и зошто почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои станаа смртни непријатели, мотивирани од крвна одмазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, рекет…?
ЈУЛИ, 2009 – УБИСТВО НА АГИМ ШЕРИФИ
Неколку престрелки низ Скопје во каубојски стил, како онаа на бензинската „Макпетрол“ во Сингелиќ од 2003 година, кога беа убиени Имер Красниќи и Петар Милошески, навестија дека се разгоруваат битките за што подобро позиционирање во подземјето.

Арно ама, во јули 2009 година се случува убиство, кое се смета за вовед во дведецениската пресметка меѓу „Беланоца“ и „Дуќанџик“.
Со куршум во главата, фрлен на депонија на патот од Арачиново кон Куманово, најден е мртов Агим Шерифи од Синѓелиќ, вујкото на Орхан Бајрами – Оки, сегашниот неформален лидер на групата „Дуќанџик“.

   

Шерифи и Џелал Ајети познат како Џељо создаваат моќна криминална нарко-мрежа во деведесеттите години на минатиот век, која се занимавала и со рекет, лихва. Упатените велат дека Шерифи во тоа време бил главен, мозокот на групата, додека браќата Ајети биле силата.
Шерифи бил импресиониран од филмот „Лице со лузна“, па многумина го нарекувале скопскиот Тони Монтана. Гостите во луксузната куќа во Синѓелиќ ги пречекувал на сличен начин како Монтана одигран од Ал Пачино, во амбиент каде што доминирала виолетовата боја, но не недостигала ниту белата.

По десетина години соработка, двајцата партнери стануваат ривали на пазарот. Шерифи е најден мртов под мистериозни околности. Групата „Дуќанџик“, потоа предводена од Бајрами – Оки, внук од сестра на убиениот Шерифи, долг период се сомневаше дека позади ликвидацијата стои Ајети поради несогласувања при давање лихва во казината во Скопје.Исто така, се раскажува уште една теорија. За време на конфликтот во 2001 година, Џељо бил приведен од полициски специјални, поради сомнеж дека ги финансирал УЧК. Наводно, тој се сомневал дека дојавата стигнала од Шерифи, поради што одлучил да го ликвидира многу години подоцна.

Како и да е, тогаш се диференцира и издигнува „Дуќанџиќ“, која почнува да склопува сојузи со групи од други делови на Скопје, додека таборот на браќата Ајети продолжуваат да дејствуваат како клан „Беланоца“, со база во Сингелиќ и Арачиново.

НОЕМВРИ, 2013 – УБИСТВО НА ЏЕЉО АЈЕТИ
Неколку години подоцна, односно во ноември 2013 година, ликвидиран е и Џелал Ајети од Синѓелиќ, што беше вовед во целосно обезгласувањето на „Беланоца“.
Маскирано лице влезе во неговата чајџилница „Кај Џељо“ во Ченто и со калашников испука 30 куршуми во него, додека Ајети седел на маса со уште три лица.

На истото место, три години претходно беше убиено петнесетгодишно момче, внук на Џељо, кој таму работел како келнер. Тогаш, полицијата се сомневаше дека момчето било случајна жртва, а цел на нападот бил Џељо.Името и групата на Ајети се врзуваа и за сѐ уште нерасветленото убиство на скопскиот угостител Миле Петковиќ-Брус, кој беше убиен пред неговиот ресторан во скопско Маџари, во август 2005 година.

Неговата сопруга јавно говореше дека убиството на Брус е одмазда за смртта на братот Џељо Ајети – Неџмедин Ајети, кој беше застрелан во вооружена престрелка меѓу него и зетот на Петковиќ во ресторанот „Кај Брус“.Расчистувањето стари сметки со лутите ривали од скопското криминално подземје продолжи по скопските кафулиња, особено откако на сцената се појави Кољо Николовски, познат како Кољо Американац.Во март 2008 година, гостите во кафулето „Тренд“ беа сведоци на судирот меѓу групите на Ајети и Кољо. Судирот меѓу нив кулминираше со директна пресметка во кафулето „Инсомнија“ во ГТЦ.

Случајната средба меѓу масите заврши со тепачка и вооружена пресметка меѓу Ајети и Николовски, при која Американецот заработи прострелна рана во раката, а другата страна го извлекла подебелиот крај во физичката пресметка.Остана запаметено и неговото вешто бегство од домот во Ченто, и покрај тоа што неговата куќа беше опколена од специјални полициски единици при обид за негово приведување.

Но, блиска средба со полициските специјалци на МВР, Ајети имаше на почетокот на вооружениот конфликт во земјава. Тогаш при пружање отпор во полициска акција и при обид да нападне полицајци, Ајети беше претепан од специјалците на МВР по што се жалеше за странски медиуми.
Против него имало поднесени 18 кривични пријави. Убиство од небрежност, учество во тепачка, загрозување со опасно орудие, насилство – се само дел од кривичните дела за кои се гонел.На крајот, тој почина како слободен човек, откако претходно можеше да се види во друштво на многу видни луѓе од македонското политичко и бизнис-милје.

СЕПТЕМВРИ, 2018 – УБИСТВО НА НАИМ АЈЕТИ

Пет години по убиството на Џелал Ајети, ликвидиран беше и неговиот брат, кој го наследи на чело на групата – Наим Ајети. Тој беше изрешетан со калашников во центарот на Скопје, на улицата Рузвелтова по филмска бркотница со возила.„Нема да се предадеме никогаш, има уште многу за војување“, се заколнаа неговите следбеници на неговиот гроб.По убиството на Наим Ајети, доаѓа до превласт и прегрупирање во подземјето. Групата „Дуќанџик“ ја презема контролата, пружаат „заштита“ на казината и рестораните.

Во меѓувреме, склопува пакт со групата Грчец, предводена од Муареми Шеваљ, чии членови беа гонети во полициската акција „Планина“ за трговија со дрога и други кривични дела.Сепак, Шеваљ останат недопрен. Во тој период излегуваа снимки како се забавува во Шпанија, во друштво на фудбалерот Лионел Меси. Легендите велат дека секогаш знаел навремено да се дистанцира поради информациите од добри дојавувачи.

На некој начин, сојузот „Дуќанџик-Грчец“ природно се наметнува, ривалска група на Грчец од Кондово на Агрим Красниќи, заедно со таканаречената бутелска група на Бедри Бериша, секогаш инклинирала кон „Беланоца“, која во меѓувреме ја презема Фатљум Ајети -Тоте, син на покојниот Џељо.

Меѓутоа, како што велат познавачите, групата од Грчец се занимава исклучиво со „бизнис“ и се држи настрана од крвавите пресметки меѓу „Дуќанџиќ“ и „Беланоца“, поради кои двата клана значително се ослабени, па групата на Шеваљ моментално се смета за доминантна.

МАЈ, 2021 – УБИСТВО НА КАМЕР ИДЗИРИ
Во декември 2019 година, во престрелка во хотелот „Александар палас“ во Скопје, членови на групата „Дуќанџик“ и „Грчец“ се таргет на сојузот „Беланоца-Кондово“.
Тогаш, маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа членови на „Дуќанџиќ“ и „Грчец“. Поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил, кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите.

Полицискиот службеник пукал во напаѓачите во самоодбрана, а немаше сериозно повредени. Случајот, како по обичај, не беше расветлен.
Две години по нападот во хотелот „Александар палас“, ликвидиран беше Камер Идризи од групата „Бундес“, кој заедно со членови на „Дуќанџиќ“ и „Грчец“ беше цел на напад во скопскиот хотел. Од возило во движење испукани биле повеќе рафални истрели кон „Голф“ на паркинг во Бутел.

Во возилото бил тогаш четириесет и тригодишниот Камер, заедно со дваесет и двегодишен роднина од Арачиново. Кон Идризи биле испразнети рамки од автоматско оружје и испукани 90 куршуми.

По само една година, ликвидиран е братот на Камер – Јонуз Идризи. Најстариот брат беше убиен во чајџилница во близина на училиште во населбата Чаир.
Лицата, кога влегле во чајџилницата, почнале да пукаат кон една од групите што седела на маса. Во нападот убиен е само Идризи, додека други две лица се ранети.

МАРТ, 2023 – УБИСТВО НА ЈЕТОН КРИВАЊЕВА
На 6 март 2023 година, убиен еден од главните водачи на „Дуќанџиќ“ и близок соработник на Бајрами – Оки – Јетон Кривањева – Жила, заедно со Енес Ибраимов – Лаци.
Соговорниците на „Фокус“ коментираат дека последните три ликвидации во кои се убиени припадници на групите „Бундес“ и „Дуќанџиќ“ имаат заеднички нишки во времето и начинот на извршување.

Трите ликвидации на браќата Идризи (Камер и Јонуз) од група „Бундес“, како и на Кривањева и Ибраимов од „Дуќанџик“ се извршени ноќ пред исламските верски празници
12.5.2021 – Рамазан Бајрам. Убиен – Камбер Идризи од група „Бундес“.
25.4.2022 – Qadr Night. Верниците сметаат дека на оваа ноќ гревовите се простуваат. Убиен е Јонуз Идризи од „Бундес“ .
06.3.2023 – Mid-Sha’ban. Се смета за ноќ кога Алах може да им прости на грешниците и се организираат молитви за прошка од Алах за починатите предци. Убиени се Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов – Љаци од „Дуќанџик“.
Начинот на извршување е ист. Неколку маскирани лица, извршители кои настапуваат како припадници на специјални сили. Според полициски извори, користат логистика на лица кои возат веспи или мотори и ги следат таргетите.

По влез во објект, говорат на релативно чист македонски јазик – “Стој, полиција“, не мрдајте”. Убиството е со рафално пукање во глава. Свирепоста укажува дека се испраќа порака. Притоа, атентаторите се хируршки прецизни, добро ги познаваат жртвите и пукаат само во нив.
Користат АК 47 – калашников, кое никогаш не е оставено ниту кога е запалена колата при бегството. Користат иста маршрута на бегање кон Шутка или близина на Визбегово за кон Качанички пат.

МНОГУ ОСОМНИЧЕНИ, НИТУ ЕДЕН ОСУДЕН
„Секој оној што се занимава со криминал ќе мора да носи одговорност за сето она што ќе го направи, а македонската полиција е тука и бурно ќе стои на браникот на безбедноста и сигурноста“, изјави по убиството, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Тој кажа дека истрагата треба да утврди дали двојното убиство во „Шиша бар“ е пресметка во рамки на една криминална структура или со други криминални групи.

Според информациите на „Фокус“ на списокот за редовна контрола и претрес на безбедносни интересни лица кои се спроведуваат од единицата „Тигар“ во содејство со СВР Скопје од вкупно 49, дури 47 лица се припадници на картелите „Дуќанџик“, „Грчец“, „Бундес“. Но, тука ги нема членовите на групата „Беланоца“, „Кондово“, како и на една неформална група што се издвојува.

Станува збор за групата „Барон“, која, според сознанијата на „Фокус“, е релативно нова. Таа се „брендирала“ според кафуле кое се наоѓа во Чаир. Во неа членуваат повратници од боиштата во Сирија, истренирани борци кои се борат да земат дел од криминалниот пазар.
Инаку, синот на Џелал Ајети, Фатљум Ајети – Тоте, како и Бедри Бериша од „бутелската група“ моментално се во затвор. Но, аналитичарите велат дека не ги амнестира од потенцијална одговорност за последното двојно убиство, бидејќи алатките за комуникација не се прекинати, а често се користат платеници од Косово, Германија и други држави.

Од она малку што го кажа шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, станува збор за борба за нарко пазарот. Патем, тој не спомена еден друг очигледен елемент – крвната одмазда.
-Органите на откривање и органите на прогон работат на повеќе аспекти и повеќе размислувања – зошто е дојдено до тој настан од аспект и на тоа кои се лицата кои се жртви, зошто некој би имал мотив овие лица да ги лиши од живот и криминалистички се обработува во повеќе насоки.

Во овој момент не можам повеќе да кажам освен тоа дека се кристализира дека се работи за позиции на нарко-пазарот кој очигледно е многу важен за таквите структури – изјави Бубевски.Во дведецениската војна меѓу криминалните картели не е расчистено ниту едно убиство. „Фокус“ испрати прашања до Јавното обвинителство до каде се истрагите за сите овие убиства?

„Надлежните јавни обвинители ги издаваат сите потребни наредби и насоки за откривање на сторителите на кривичните дела. Утврдувањето на идентитетот на сторителите е во надлежност на Министерството за внатрешни работи како орган кој е надлежен за откривање на кривични дела и сторители. Веднаш штом ќе бидат откриени сторителите, обвинителството, согласно своите надлежности, ќе преземе кривичен прогон“, ни рекоа од ЈО.И до МВР пративме прашање до каде е утврдувањето на идентитетот на виновниците за крвавите ликвидации меѓу скопските банди, но од таму не добивме никаков одговор.

   

Најново

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Трамп со своите крипто валути тргува со влијание, се чудам како тоа му го дозволуваат, тој се правда дека тоа го правел и Бајден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Силна валута не секогаш е добра работа, го прави извозот скап, така пропадна холандски Филипс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Нема одговор од Софија за иницијативата за средба на самитот на НАТО

Sase Ivanovski

Внимавајте: Утре сончево и многу топло

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руте: Нова цел за членките на НАТО е 5% од БДП за одбрана

Sase Ivanovski

НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ВО ВРСКА СО СМРТТА НА ТРИГОДИШНОТО ДЕТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Славески: Граѓаните можат да бидат сигурни, курсот на денарот останува стабилен

Sase Ivanovski

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на разговор, одлагале отпад на дива депонија

Sase Ivanovski

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДОВ: Не сум сигурен дека Груевски ќе биде безбеден во затворот Идризово ако се врати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како Чоко Бошковски донесе реми за Македонија на гостувањето кај Белгија во 1994-година

Sase Ivanovski

Арсовска: Пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Sase Ivanovski

Кочанчанец возел со 2,25 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕСТ ЗНАЦИ ДЕКА СИ ИМАТЕ РАБОТА СО ЛИЧНОСТ СО НИСКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Интервју со Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши: ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“

Sase Ivanovski

СДСМ: Одбија помош за Кочани, сега држат трибини – срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ!

Sase Ivanovski

Вистината за Кочани: Се крие ли пријава, дали Мицкоски го штити изворот на пиротехниката?

Sase Ivanovski

Меџити: Да изградиме интегриран и одржлив пристап кон животната средина

Sase Ivanovski

ПАРТНЕРСТВОТО СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е УНИКАТНО Договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Sase Ivanovski

Свештеници на Англиканската црква под истрага за злоупотреба на деца

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Професионализам на дело: На колумбиска водителка ѝ падна столот сред емисија во живо, нејзината реакција стана вирална

Sase Ivanovski

Русија го возврати ударот, гори цела Украина

Sase Ivanovski

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Антониа Гиговска: Ние жените сме силни меѓутоа ни треба машката поддршка

Sase Ivanovski

„Изгледот“ – најновата книга на Мишел Обама посветена на модата

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски повторно кандидат за градоначалник на Куманово

Sase Ivanovski

Попов: Владеењето на СДС ги доведе младите во тотална апатија и отпор спрема државата

Sase Ivanovski

ДА СИ ПОДАДЕМЕ РАКА, ДА СИ ПОМАГАМЕ И ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам

Sase Ivanovski

Со претставата „12“ вечерва се отвара фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Sase Ivanovski

ПО 11 ГОДИНИ СЕ ЗАТВОРА КОНЦЕПТ ХИБРИД БАР СТРУМИЦА ПОРАДИ РУШЕЊЕ НА ТЕРАСАТА

Sase Ivanovski

Локални избори во два српски града, исходот ќе го покаже расположението за парламентарните

Sase Ivanovski

Технополитичкиот судир: Маск – Трамп и иднината на Америка (2025–2030)

Sase Ivanovski

Германија ја предводи Европа во дуелот со Русија

Sase Ivanovski

ФОТО Невреме го зафати Прилеп, неколку дрвја паднати

Sase Ivanovski
Вчитувам....