Малолетен ученик вчера бил физички нападнат од четворица малолетници, ученици од друго средно училиште, соопшти тетовската полиција.
Средношколец од Тетово заврши во тетовската клиничка болница, поради повредите што му ги нанеле група средношколи, кои го нападнале.
Инцидентот се случил во школски двор во тетовско средно училиште.
„На 30.5.2025 година во 13.05 часот во СВР Тетово, Г.Ш. од Тетово пријавил нарушување на јавниот ред и мир во дворот на тетовско средно училиште, каде нивен малолетен ученик, бил физички нападнат од четворица малолетници ученици од друго средно училиште. Г.Ш. пријавил и дека нивниот ученик бил префрлен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, соопшти полицијата.