Педесет и петогидшник од Куманово бил приведен откако полицијата дома му нашла дрога, но и оружје и муниција. – На 26.03.2025 во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што додаваат од МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
View this post on Instagram