На 08.12.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(40) од охридското село Пештани.Тој претходно, во атарот на истото село, бил затекнат при вршење кривично дело „незаконит риболов“, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат.
За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведени двајца крадци во Гостивар На 08.12.2023 во 11.40 часот и во 13.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.З.(40) од с.Вруток, гостиварско и А.К.(42) од Скопје, со престој во Гостивар.
Тие се сомничат дека на 07.12.2023 извршиле тешка кражба во угостителски објект во Гостивар, од каде одзеле пари. Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.