МАКТЕЛ

    

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

      

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 12. Глобален форум во Баку, на сесијата на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. Таа повика на суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции полегитимни, поправедни, поефективни и подоследни во исполнувањето на Повелбата на Обединетите нации. Воедно, истакна дека иако се застарени, Обединетите нации сепак се единствената организација којашто, освен универзален легитимитет, има потенцијал за да ги адресира проблемите. Во обраќањето го реафирмираше членството во Европската Унија како стратешка цел на државата. Посочи и дека не отстапуваме ниту од нашето стратешко партнерство со САД. Побара јасен интегративен пат, базиран на принципи и правила. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова. Ценети екселенции, Дами и господа,

Им благодарам на нашите домаќини од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ за срдечната покана да учествувам на 12. Глобален форум. Овој Глобален форум во Баку се одржува во периодот меѓу годишнините на две важни конференции. Во февруари се навршија 80 години од конференцијата во Јалта, на којашто беа исцртани контурите на меѓународниот поредок по Втората светска војна. Во април ќе се навршат 80 години од почетокот на конференцијата во Сан Франциско на којашто и формално се воспостави поредокот со Обединетите нации како негов центар. 80 години подоцна, сè уште е тешко да се замисли светот без Обединетите нации. Но, речиси е невозможно да се замисли создавањето на Обединетите нации во оваа 2025 година според амбициозните цели од 1945 година. Зошто е тоа, така? Светската организација беше дизајнирана за ера којашто одамна е зад нас со помала комплексност и поголема предвидливост во меѓународните односи. Од тогаш светот мина низ голема геополитичка, геоекономска, научна, технолошка, индустриска трансформација. Порасна бројот на земјите членки и на светското население, се продлабочи глобализацијата, се намножија предизвиците. Сепак, надлежностите, структурите и процедурите на Обединетите нации останаа претежно замрзнати во времето на нивното основање. Беа пропуштени многу можности за неопходни реформи. Застарените мултилатерални инструменти на Обединетите нации веќе не можат да одговорат на сегашните геополитички, економски, еколошки, демографски и технолошки предизвици. Ретко кога Обединетите нации ни биле толку потребни како денес. А сепак, ретко кога Обединетите нации биле толку политички маргинализирани како што се денес.

   

За да коригираме некои од недостатоците, минатиот септември се собравме во Њујорк, на Самитот на иднината за да го донесеме Пактот за иднината. Пактот, заедно со Глобалниот дигитален договор и Декларацијата за идните генерации, понуди визија за мултилатерализам што на поинклузивен и поправеден начин би можел да ги исполни трите врвни цели на ОН – мир и безбедност, човекови права и одржлив развој. Но, уште не донесен, Пактот се соочи со двојната критика на премали и преголеми очекувања. Од една страна, некои идеалисти тврдеа дека Пактот не е доволно силен за да биде еликсирот којшто ќе ја подмлади нашата 80 години стара организација. Од друга страна, пак, некои реалисти сметаа дека Пактот е само уште еден очаен обид да се спаси поредокот воспоставен по Втората светска војна чиишто урнатини се околу нас. Наместо мултилатерализам имаме мултиполаризација и растечко геополитичко ривалство. Меѓународното право е еродирано поради двојните стандарди. Се разгоруваат нови конфликти за ресурси, вода, енергенси и ретки минерали. Битката со природата како да е однапред изгубена. Меѓународните односи станаа непредвидливи. Наместо Кантовиот вечен мир за којшто мечтаеја некои од авторите на Повелбата на Обединетите нации, ние како да се наоѓаме во предхобсовска состојба. Но, и покрај ваквите критики, Пактот беше усвоен како внимателно изграден глобален консензус околу две нешта. Прво, иако се застарени, Обединетите нации сепак се единствената организација којашто, освен универзален легитимитет, има и акумулирано искуство, знаење и потенцијал за да ги адресира проблемите, да ја мобилизира глобалната јавност, да ги координира процесите на креирање политики и носење одлуки, и да помага во нивното спроведување.

Второ, неопходни се суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции полегитимни, поправедни, поефективни и подоследни во исполнувањето на Повелбата на Обединетите нации. Советот за безбедност треба да се прошири, да се реформира и да се демократизира за биде поотчетен и поодговорен во одржувањето на меѓународниот мир и безбедноста. Генералното собрание треба да го заземе своето вистинско место на главен претставнички орган не само за дебата, туку и за креирање политики. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата мора да станат обврзувачки за сите. Само така Обединетите нации ќе можат да одговорат на сегашните геополитички, економски, еколошки, климатски, технолошки и демографски предизвици. Пактот за иднината е еден вид глобален општествен договор, нов Русоов договор, којшто треба да го зајакне мултилатералниот систем со Обединетите нации во нивно јадро. Но, уште во своите први месеци, овој глобален општествен договор се најде пред нов предизвик. Прашањето што многумина сега го поставуваат не е дали Пактот за иднината ќе биде успешен, туку дали воопшто ќе ја преживее 2025 година. Дали ќе успее да опстане во новите геополитички околности, и, ако опстане, дали ќе биде референтна точка за обнова на Обединетите нации, или, пак, ќе се сведе на уште еден амбициозен, но задоцнет документ што ќе собира прашина во архивите на Ист Ривер?Тоа зависи од две нешта. Прво, дали државите ќе ги одржат преземените обврски. И, второ, дали ќе ги напуштат двојните стандарди. Зошто токму двојните стандарди? Бидејќи тие се Ахиловата пета на мултилатерализмот. Селективната, наместо универзална примена на меѓународните правила и принципи ја доведува во прашање универзалноста на самите принципи. Со само една илустрација, ќе се осврнам на мојот континент и на мојата земја. Она што Обединетите нации се за светот, Европската Унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку политиката на проширување со нови земји членки коишто ги исполнуваат копенхагенските критериуми. Како олицетворение на мултилатерализмот, Европската Унија има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот. Но, европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, со нови барања и услови коишто не им биле поставени на други држави. Неодамна, на еден од панелите на Минхенската безбедносна конференција, македонскиот премиер постави реторичко прашање: зошто, кога Русија го негираше украинскиот идентитет и јазик, цела Европа стана во одбрана на Украина, а кога една земја членка на Европската Унија го негираше македонскиот идентитет и македонскиот јазик сите молчат. Oдговор на модераторот на панелот беше: „затоа што вие не сте нападнати“. Значи, треба да делуваме „ex ante“ наместо „post festum“.

За волја на вистината, не молчат, туку бараат да ги прифаќаме неправедните услови и да преговараме за нашиот национален идентитет, за нашиот јазик, нашата култура, историја, па и за нашиот уставен поредок. Како мала држава, ние не отстапуваме од нашата стратешка цел – членство во Европската Унија. Впрочем, ние сме природен дел од Европа: географски, историски, културно. Ако сме интегрален дел од Европа и ако себеси се перципираме како Европејци, тогаш европската реунификација не може да биде завршена без нас. Таа е недовршена симфонија без нас. Не отстапуваме ниту од нашето стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави бидејќи, и покрај тековните превирања, веруваме во важноста од ефективен трансатлантизам, базиран на меѓународни правила и принципи. Но, исто така, свесни сме дека секогаш, пред да се погазат физичките граници, се газат принципите и вредностите. Двојните стандарди генерираат преседани коишто прераснуваат во правила. A кога се прават компромиси со меѓународните правила и принципи и со меѓународното право, се компромитираат Обединетите нации, се обезвреднува Повелбата и се поткопува меѓународниот поредок. Па, да се навратам на прашањето: Дали Пактот за иднината ќе ја преживее оваа 2025 година? Не е првпат да сме во ваква ситуација. И генерацијата што пред 80 години ги основаше ОН се бореше со сомнежи и со стравови дека нивниот голем мултилатерален експеримент ќе ја доживее судбината на Лигата на народите. Па сепак, не се откажаа и ја формираа Организацијата. Слично на нив, и ние сме растргнати меѓу копнежот за Кантовиот вечен мир и реалната опасност од Хобсовата војна на секој против секого. И, наместо да станаме наивни идеалисти или сурови Макијавелисти, треба со реалистична надеж да го одржиме овој глобален консензус. Ова го говорам како претседателка на држава којашто многупати го почувствувала товарот на двојните стандарди, на прекршените договори, на неисполнетите ветувања. Малите држави треба да бидат најгласните и најголемите поддржувачи на овој пакт. Што нѐ очекува доколку ја пропуштиме оваа можност? Дали, наместо Обединети, би имале разединети нации, сведени на реликт од минатото, блокирани поради ветото и парализирани поради бројните кризи и предизвици? Дали би имале поделба на светот во зони на влијание и интереси, паралелни поредоци коишто ќе гравитираат околу различни геополитички центри, секој со свој систем на вредности, правила и принципи, секој со свој аршин за човекови права и слободи. Дали би живееле во свет без универзални вредности и без свест и грижа за глобалните добра и за иднината на сè уште неродените? Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме.

  

Најново

Општина Чаир го доби максималниот грант од УНДП за подобрување на енергетската инфраструктура во училиштата

Sase Ivanovski

Тесла изгуби 127 милијарди долари за еден ден бидејќи кинеска автомобилска група го доведува во прашање стремежот на Маск за „лична слава“

Sase Ivanovski

Германска шпионска агенција заклучила дека вирусот КОВИД најверојатно протекол од лабораторија

Sase Ivanovski

(ВИЕО) Прес-конференција на советничката група на СДСМ и Коалицијата

Sase Ivanovski

Човек чија ќерка починала од сипаници, а не била вакцинирана: „Во вакцинирањето има работи на кои не им веруваме“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС ќе го погледне својот двор и ќе остави надлежните да се грижат за граѓаните

Sase Ivanovski

Активацијата на резервните сили во ЕУФОР во БиХ е политичка порака

Sase Ivanovski

СДСМ, Костова: Додека за народот стана луксуз да јаде леб и сирење, власта најбезобразно вели дека нема пари за поголеми плати

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошовски: Меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР, градиме модерна, професионална и обучена полиција

Sase Ivanovski

За две години, 8,5 милиони евра од наш џеб за службени возила на функционерите

Sase Ivanovski

Таравари потпиша меморандум со Словачка: Новата ера на телемедицина и е-здравство во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Студентите порачаа: Србија се разбуди, 15-ти март не е крај на протестите!

Sase Ivanovski

Рубио: Примирјето во Украина е можно во рок од неколку дена доколку Москва се согласи

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Угостителите да ги почитуваат прописите за урбана опрема, гласна музика и одлагање на сметот, во спротивно следат санкции

Sase Ivanovski

Идниот премиер на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Примопредавање на должност командант на Командата за обука и доктрини

Sase Ivanovski

Ученици на Албион беа гости на настанот посветен нарускиот празник Масленица со кој се испраќа зимата и дочекува пролетта во организација на ФФ „Блаже Конески“ – Скопје и Рускот центар во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев во која Филипче бил министер за здравство, само во една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички!

Sase Ivanovski

(ФОТО) МВР продолжува со борбата против недозволената трговија со дрога и оружје, претреси на територија на цела држава, приведени повеќе лица

Sase Ivanovski

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

Sase Ivanovski

Вистината за Еуростандард банка е една и единствена – убиство со умисла

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Јаневски: И покрај рекордните суми доделени на ЈСП, претпријатието е доведено во ситуација да не може да се испочитува ниту возниот ред

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: ДПМНЕ да одговори за Пуцко Петрол, како повторно кога е некој од ДУИ нема притвор?

Sase Ivanovski

Балкански центар за конструктивни политики „Солуција“ – Скопје: Никола Димитров со силни пораки за проширувањето од Лидерскиот состанок во Подгорица

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформската агенда е можност за трансформација на приватниот сектор“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска, Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за капитални проекти во општините, над 300 апликации се пристигнати

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Славески: Најголем проблем за брз автобуски превоз е трасата по Партизанска со што се доведува во опасност водоснабдувањето

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Во тек е јавниот повик за доделување 10 илјади денари субвенција на младите центарци за полагање возачки испит

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Образованието е наш фокус, во моментот се градат 7 училишта, а ќе направиме реевалуација на проектите за изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!

Sase Ivanovski

Никотинските ќесички не се „снус“: производ без тутун како алтернатива за возрасни пушачи

Sase Ivanovski

Мицкоски: Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Sase Ivanovski

Tаткото на убиената Вања плачеше и се тресеше, додека Манев раскажуваше како ја грабнале и убиле неговата ќерка

Sase Ivanovski

ДКСК оформи предмет за утврдување дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Додик за налогот за апсење: Овде пишува дека не бараат, како да сме Ал Каеда

Sase Ivanovski

“Уставен суд на Република Северна Македонија”: Институтот „интерпелација” не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет години затвор поради проневера

Sase Ivanovski

Средба на директорот на Царина со висока делегација од Корејска Царина: одличен прогрес на системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Кореја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Sase Ivanovski

Топ Тема – Раздорот меѓу двете најголеми сидникални организации за минималната плата

Sase Ivanovski

Како Hyundai стана третиот најголем производител на автомобили во светот…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

Sase Ivanovski

Во текот на вчерашниот ден констатирани 706 сообраќајни прекршоци 

Sase Ivanovski

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата, наскоро ќе се стави крај на вакви случаи

Sase Ivanovski

Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во фокусот на средбата на МЕП Муртезани со турските експерти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски заврши само во домашен притвор за криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Sase Ivanovski

Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Sase Ivanovski

Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Sase Ivanovski

Собранието на Република Српска за новиот устав: Од војска до самоопределување

Sase Ivanovski

Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Sase Ivanovski

Трговска војна: Трамп се закани со царини од 200 отсто за пијалоците од земјите од ЕУ

Sase Ivanovski

Костовски: Премиерот Мицкоски направи голем потег со проектот за финансирање на општините од страна на Владата

Sase Ivanovski

Кремљ: Предложениот прекин на огнот ќе биде само одмор за украинската војска, и е неприфатливо за Москва

Sase Ivanovski

Јаревски: Членовите на Судски совет доблесно e да се повлечат, ако за нешто имаме консензус тоа е дека ако некој згрешил треба да одговара

Sase Ivanovski

Мисајловски: Сега сме еднакви во НАТО, но не смееме да заборавиме дека како држава дадовме многу

Sase Ivanovski

Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција

Sase Ivanovski

Грипот зеде уште еден живот – минатата недела нови 2.347 заболени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дутерте ја презема целосната одговорност за крвавата војна против дрогата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Доживотен затвор доби Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Sase Ivanovski

СДСМ: Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фани-Сорос е гласноговорник на режимот што 7 години пустошеше низ Македонија

Sase Ivanovski

Меџити: Истрагата за скандалот со штетниот мазут ќе оди до крај!

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

Sase Ivanovski

Ќе се унапредува процедурата за центрите за жртви на сексуално насилство

Sase Ivanovski

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

Sase Ivanovski

ЈАС СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ: Се додека не се направи реформа на судството ќе се замајуваме со политички решенија, вели Најчевска

Sase Ivanovski

АДВОКАТОТ ЈАНАКИ ЗА ДАМЕВА: Немам ништо лично против неа, но се работи за класична партиска инсталација

Sase Ivanovski

ТАТКОТО НА ЈАХОСКИ СЕ ПОВИКУВАЛ НА ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ И НЕ ОТВАРАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Прв се обидел да дојде до документи и електронски уреди кои би се поврзале со спорните набавки

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

Sase Ivanovski

Како KИА направи огромен позитеивен пресврт

Sase Ivanovski

На изборите во Гренланд победи партијата на десниот центар, која му рече на Трамп „не сме на продажба“

Sase Ivanovski

Русите го освојуваат Курск, Украинците се повлекуваат

Sase Ivanovski

ЕУ е исклучена од преговорите за Украина и нема никаков збор, вели новинарот Георгиевски

Sase Ivanovski
Вчитувам....