10.8 C
Скопје
29/03/2025 20:16
МАКТЕЛ

    

Претседателката Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд

      

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во своето обраќање, таа ја истакна длабоката духовна и културна вредност на библиотеката, опишувајќи ја како „тврдина на идентитетот“ и „свемир на знаење“. Осврнувајќи се на улогата на библиотекарите, ги нарече „храбри чувари на пишаниот збор“ кои се бореле против заборавот, цензурата и варварството низ историјата. Таа нагласи дека и покрај напредокот на технологијата и дигиталниот свет, книгата останува темел на мислата и културното издигнување. Претседателката, како библиофилка, сподели лична и емотивна приказна поврзана со признанието што ѝ беше врачено вчеравечер – момент што ѝ ги разбуди спомените на првата награда добиена уште во детството, токму за „најверна читателка“, признание коешто ја прејудицирало нејзината трајна сродност со книгите.Во своето излагање таа оддаде почит и на делото на Горан Стефановски, потенцирајќи ја неговата способност да го опише духот на времето и да ги отвори вратите кон суштинските прашања на современото општество. „Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите“ рече претседателката, испраќајќи силна порака за љубовта кон читањето. На крајот, таа го честиташе јубилејот, изразувајќи уверување дека библиотеката ќе продолжи да биде светилник на знаењето, дом на книгата и место каде што се гради иднината преку мудроста од минатото.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска- Давкова. Уште еднаш, пред да го честитам прекрасниот празник, да кажам дека над секоја прослава има сенка врзана со трагедијата. Тоа е нешто што сите не засега и цел живот ќе го носиме. Почитувана директорка на НУУБ „Св.Климент Охридски“ м-р Емилија Стефановска Давкова, Почитуван градоначалник на Битола, господин Тони Коњановски и други градоначалници, Почитувани пратеници, Почитувани претставници на Владата, Почитуван ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, др. Игор Неделковски, Почитувани свештеници великодостоинственици, г-дине Петар, Почитувани професори, ценети гости.  Со особена чест ја прифатив поканата да бидам дел од овој историски настан – одбележување 80 години постоење на Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Битола. За мене, осум децении не се само цифра, тоа е едно долго духовно патување, еден посветен труд за негување на културата, зачувување и збогатување на библиотечниот фонд, период на подеми, соочување со предизвиците на новото време. Сите знаеме дека шокот беше наречен Интернет, но како што телевизијата не го уби радиото, така ни новите технологии не можат да ја уништат книгата. Книгата беше и останува запис за нашето постоење и опстојување, потреба за учење и знаење, човечка комуникација на повисоко ниво, уметничко изразување на мислите, чувствата и ставовите, култивирање на научната реч.

   

За мене библиотеката е духовен и културен архив, доказ за нашето човечко битисување, национално битисување, пренесен преку моќта на Гутенберговата цивилизациска иновација. Книжната и библиотечната цивилизациска светлина не смее да се замрачи! Библиотеката, за мене, е море на духовна храна, непресушен извор на идеи, поттикнувач на умот, стимул на креативниот дух. Таа е, за нас, тврдина на македонскиот идентитет, култура и меморија, свемир на знаење. Библиотеката јас ја гледам како татковина на книгите, а тие се душата на нашиот народ. Пред да допатувам во прекрасната Битола и да влезам во оваа обновена, реновирана и разубавена зграда на Офицерскот дом, којшто и минатиот пак реков и сега ќе повторам, плени со хармонијата на надворешноста и внатрешноста, дознав дека проф. д-р Александар Стерјовски на Библиотеката ѝ подарил 13 стари книги што некогаш ги добил од битолчани. Тоа е не само вреден подарок и оставштина, туку и израз на доверба во оваа институција, ризница на пишаниот збор, со книжевен фонд од над 600.000 библиотечни единици. Признавам, како страстен библиофил или библиофилка, која со книгата се дружи сиот живот, го почитувам вашето книжно богатство, коешто е истовремено и наше, национално благо.

Чувајќи ги книгите, Вие го чувате и негувате и македонскиот идентитет.  Убаво е да му оддадеме почит на најстарото, најбројното и најпочитуваното, велам јас, битолско семејство, семејството на книгите, што преживеало многу битки и премрежја. Ние овде гарантираме за неговиот живот и во следните 80 години, а дигитализацијата ќе му ги отвори портите кон вечноста.  Не можам, а да не кажам неколку збора за посветените чувари на библиотеката – библиотекарите: најблиските и најпосветените вљубеници во книгата и убавиот збор. Тие се бореле и ги бранеле книгите во драматичните настани поврзани со библиотеките.  За жал, библиотеките биле мета на бројни напади на Варвари, на фашисти, на нацисти, на авторитарни системи и лидери, преплашени од слободоумните мисли поопасни и од најсилното оружје. Историјата на библиотеките, не случајно открива бројни приказни врзани за субверзивната дистрибуција на забранетите, а мене омилените книги, до читателите ширум светот. Тие придонесувале и се уште придонесуваат за ширењето за бунтот меѓу читателската публика гладна за напредна, револуционерна мисла. Вечерва, веќе чув, а сакам и јас да повторам, се одбележува и делото на големиот писател Горан Стефановски, битолчанец по потекло. На светот Горан му кажа дека е горд што покрај неговата куќа поминува Виа Игнација и оти тоа цивилизациско наследство не може никој да му го одземе ниту оспори. Горан ни остави многу книги, драми и стихови, а една негова реченица заслужува, според мене, посебно внимание, тој вели: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност“. Нека оваа Горанова мисла биде поттик да не се откажуваме од целите, плановите, идеалите, зошто во спротивно остануваме ни ваму, ни таму, заглавени во меѓупросторот или јас правнички велам, во интеррегнумот. Би сакала да споделам со вас уште неколку зборови за суштината, за важноста на библиотеките. „Полесно е да се оди на Интернет, отколку да се оди в библиотека. Но, промената од ,,без библиотеки” кон постоењето на библиотеки беше многу поголема промена од она што го видовме со развојот на Интернетот“, ќе рече Ноам Чомски. „Што имаме без библиотеки? Ни минато, ни иднина. Не треба да се палат книгите за да се уништи една култура. Само натерајте ги луѓето да престанат да читаат “. Да ве потсетам, вака предупредуваше Реј Бредбери, авторот на романот „Фаренхајт 451“, што сигурно го имате во библиотеката.  Затоа да сториме сè луѓето што повеќе да читаат, да ја приближиме книгата особено до најмладите, тоа е актуелно деновиве, да им создаваме читачки навики, да им читаме книги од најрано детство, да им подаруваме книги, да ги наградуваме со книги. Денешните награди за вашите членови кои се, сигурна сум, пасионирани читатели, и тоа од сите возрасти, е потвра дека вие си ја знате добро ваша мисија и цел. Дозволете ми да кажам дека верувам во вас и вашите идеи и проекти врзани за книгите.  Прочитав дека и јас ќе добијам признание, дека ќе ми доделите признание. Можеби трчам предвреме, но сакам да кажам дека со ова признание ќе ме вратите во детството кога бев најсреќна држејќи ја в раце наградата за најверна читателка на книги, во една мала библиотека во моето училиште. Читајќи, научив како да се разберам подобро себе си, но и другите. Читањето ми стана, искрено кажувам, неизбежна потреба и нужност. Повторувам, бев и сè уште сум ненаситна за книги. Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите.  Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” -Битола.

  

Најново

Нова понуда на Трамп до Зеленски, Украинците се згрозени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првите дилеми и првите одговори за истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Sase Ivanovski

Илон Маск вели дека ја продал „Икс“ на неговиот стартап „xAI“ за 45 милијарди долари

Sase Ivanovski

Илјадници загинати во силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, потрагата по преживеани продолжува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Уште една жртва на насилникот од Радовиш јавно проговори

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс ја обвинува Данска дека не го штити Гренланд од Русија и Кина

Sase Ivanovski

Случајот за тетовскиот Монопол: Одлуката дали таму ќе се градат или не станбени објекти била во рацете на Касами

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360° од Солун: Двајца пациенти имаат тешка форма на респираторни повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интервју со директорот на „Пирогов“: Една пациентка е пуштена дома, кај другите се бориме со инфекци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден ден откако Зеленски изјави дека Путин ќе умре, лимузина експлодираше во центарот на Путин во Москва, никој не беше повреден.

Sase Ivanovski

Драма на небото над Хрватска, авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Sase Ivanovski

Тинејџер од Куманово е меѓу петте приведени лица кај кои полицијата вчера попладне пронашла и одзела дрога.

Sase Ivanovski

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова е вистинско балканирање

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Што е ова Надице?

Sase Ivanovski

Жан Митрев: Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Sase Ivanovski

Мастерпланот на Кензо Танге од 1963 година за областа Цукиџи во Токио е главен пример на архитектурата на метаболизмот

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Прекрасно поминато попладне и благослов од мојот духовник, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан.

Sase Ivanovski

Контролната кула на Олимпискиот парк Комазава во Токио, Јапонија, стои како архитектонско обележје од Летните олимписки игри во 1964 година.

Sase Ivanovski

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, поседувале и снимки, мајка пријавила во полиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кој е следен“ пред Собрание: Демократијата не прави пауза!

Sase Ivanovski

СИН ПРЕТЕПАЛ ТАТКО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ: Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Заканата од терористички напади во Македонија е на ниско ниво

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Шукова за излевањето на цијанид во Крива Река: „Дали некој свесно ја штити Булмак 2016?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

Sase Ivanovski

„ООО ВИЕ ВИЧНИ ОБВИНИТЕЛСКИ КАПИТАЛЦИ“: Адвокатот Сашо Дукоски не може да се дочуди на правната неписменост на обвинителите од Кочани

Sase Ivanovski

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Можат ли протестите да создадат нова политичка сила

Sase Ivanovski

Меншик против Ѓоковиќ за титулата во Мајами

Sase Ivanovski

Скандал: Халанд удри жена во задниот дел од главата, таа доби потрес на мозокот и го пријави во полиција

Sase Ivanovski

Калин Ивановски финалист на турнирот во Опатија

Sase Ivanovski

Голман во САД го тужи лекарот затоа што му ја уништи кариерата

Sase Ivanovski

Огромен протест против Ердоган, десетици илјади луѓе на улица

Sase Ivanovski

Порака од собирот пред Собранието: Ова е последен крик, или сите ќе се отселиме или ќе станеме жртви

Sase Ivanovski

Вучиќ: Руската ФСБ пристигна во Србија, ќе анализираат дали бил употребен звучен топ

Sase Ivanovski

Насилникот од Радовиш што тепаше жена „во живо“ на Тик-Ток е упатен на психијатриско лекување во Негорци

Sase Ivanovski

Украинскиот „мировен договор“ се покажува како измама

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската шпионска агенција вели дека Русија верува дека мора да стави крај на војната до 2026 година или ризикува да заостане далеку зад САД и Кина

Sase Ivanovski

Овој милијардер од недвижнини го подготвил својот син за наследување, принудувајќи го да работи за друг шеф: „Нема да работиш за мене“

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: Има ли ќар од членството во ЕУ?

Sase Ivanovski

ГОСТИВАРЕЦ САКАЛ ДА ЈА ГРАБНЕ ЌЕРКАТА Нападнал три лица, полицијата спречила киднапирање

Sase Ivanovski

СÈ СЕ РЕШАВА ВО АВТОКОМАНДА Алкалоид во битка за полуфинале по драмата во Романија

Sase Ivanovski

„МНОГУ СУМ ПРЕТПАЗЛИВ ЗА РЕВАНШОТ ШТО СЛЕДИ В НЕДЕЛА“ Лазаров вели дека Алкалоид мора да обезбеди полуфинале во Европскиот Куп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО ПОЛЕТА ПРОЕКТИЛ КОН АМЕРИКА, ОВИЕ ЛУЃЕ ЌЕ ГО СОБОРАТ Џеј Ди Венс упати порака од базата во Гренланд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РУСКАТА АГРЕСИЈА СЕ ЗАКАНУВА, ВРЕМЕ Е Трамп со видеопорака дека е судбина САД и Гренланд да се заедно

Sase Ivanovski

ТРАМП И КАРНИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ПО ИЗБОРИТЕ ВО КАНАДА Телефонски разговараа за бизнисот и за безбедноста

Sase Ivanovski

ПОВЕЌЕ ЛИЦА НАПАДНАЛЕ ДВАЈЦА БРАЌА ВО ГАЗИ БАБА Со метален предмет им го оштетиле возилото

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: Новото нормално изгледа прилично страшно

Sase Ivanovski

Викендов почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

Левица: Братучед на пратеничка од ДПМНЕ назначен за командир

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ за обвинувањата од сестрата на трагично загинатата Фросина: Причината за нашите протести е нефункционалниот систем

Sase Ivanovski

,,Кој е следен“ бара да се објават сите документи за дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Експлодира лимузината на Путин

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски и Ристовски: Центарот за обука на МВР е клучна алка во системот на безбедност, со меѓуресорска соработка до подобра спортска инфраструктура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, за разлика од тендерите на СДС, не е во 4 очи, а ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, НО БЕЗ ПОЛИТИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ненад Марковиќ: Од мажи шовинисти дојдовме во ерата на феминистки кои мразат мажи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ненад Марковиќ: Мажите во светот се за Русија а жените за Америка

Sase Ivanovski

На иницијатива на кумановецот Марјан Стошевски дел од повредените во Кочани на одмор на Златибор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дафи првпат се појави по 10 години откако го откри киднапирањето

Sase Ivanovski

АКО НЕМА НУКЛЕАРЕН ДОГОВОР, ЌЕ СТАНЕ НЕПРИЈАТНО ЗА ИРАН Трамп испрати предупредување до Техеран

Sase Ivanovski

Да му помогнеме на Кочани, да и помогнеме на Македонија-Стоилов, Ефремов, Николов-Стадион

Sase Ivanovski

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Sase Ivanovski

Зеленски: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Кочани, приведени четири лица

Sase Ivanovski

Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ: Бараме темелна истрага за еколошката катастрофа во Крива Паланка…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче од една страна глумат разумни и повикуваат на единство од друга страна нема ден да не постапуваат како некрофили, правда ќе има

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во Куманово, следува пријава

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда, наместо да се оградат од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите, тие продолжуваат да молчат

Sase Ivanovski

До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

Sase Ivanovski

Најновиот сојузник на НАТО за прв пат ги испраќа своите авиони Грипен направени за војна со Русија да патролираат по границите на Алијансата

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран вели дека американските бази ќе бидат погодени доколку Трамп го нападне Иран

Sase Ivanovski

Ова е планот на Трамп да ја принуди Украина да ја врати гасната империја на Путин…

Sase Ivanovski

Путин лансираше подморница на нуклеарен погон

Sase Ivanovski
Вчитувам....