32.8 C
Скопје
25/06/2025 10:13
МАКТЕЛ

   

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

      

                              Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ којашто под нејзино покровителство се одржува во Охрид до 29 август 2024 година.

Истакнувајќи дека македонскиот јазик и Семинарот за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имаат не само национално, туку и пошироко интернационално значење, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека истиот е сјаен преплет на врвна наука, едукација во пракса, развој на лекторати по македонистика во светот, соработки, вмрежувања, нови проекти, како и културна дипломатија. Претседателката додаде дека верува дека развојот на културниот туризам како важна општествена и економска гранка, како еден од приоритетите навистина ќе вроди со плод.

   

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура досега има организирано 56 летни школи и три зимски школи, како и 50 меѓународни научни конференции на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Почитувани присутни,

Добредојдовте во Македонија и во древниот град Охрид, изворот на писменоста и просветата и на врвните цивилизациски вредности како науката, културата и уметноста. Убедена сум дека овде се преплетуваат  убавините на природата и слоевите на историјата, археологијата, културното и духовното наследство како сведител на човековата креативност и постоење низ времето.  Затоа и од мене, добредојдовте во  Охрид, македонскиот Ерусалим, во градот на УНЕСКО, во културната метропола, во туристичката метропола на Балканот и на Европа, во градот синоним за култура.

Чест ми е да го поздравам големото или огромното македонистичко академско собрание кое токму денес се сплотува кон нов подем, кон нови чекори во историјата, која се гради, која се згуснува со енергии и потенцијали од целиот свет – слевајќи се во голема македонистичка научна идеја кон развојот на македонистиката, предводена од оваа култна културна институција за мене 57 години – Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, едно од моите омилени места. Од денес сум сигурна дека, како што рече директорката, македонистичкото научно „семе“ ќе биде посеано уште еднаш не само овде, туку и ќе биде расфрлано и развеано ширум светот.

Со гордост ќе кажам дека дејноста на Меѓународниот семинар е достоен континуитет на величествената мисија на сесловенските просветители, првоучители, на културните дипломати и визионери – Светите Кирил и Методиј, чија мисија, доследно ја продолжија и ја развиваа најверните им ним ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски. Веќе беше споменат великанот Блаже Конески.

Тој ја препозна мисијата на Светите Кирил и Методиј како: „почеток на едно моќно раздвижување“, а за дејноста на Свети Климент Охридски, истакна дека тој е: „организатор на еден центар, на едно од првите и најсилните словенски културно-просветни и црковно-религиозни средишта, во чии рамки дејствуваше и прочуената Охридска книжевна школа.“ За овој период, Конески вели: „(…) Македонија зрачеше широко во словенскиот свет. Тоа време е одамна минато, но ние, се разбира, не само што не го забораваме, ами сé посилно го вклучуваме во нашата разбудена историска свест.

Верувам дека стануваме со тоа сè посвесни за улогата на нашите културни центри во тоа далечно време, намерно велам во множина – центри, зашто Светиклиментовиот или Охридскиот центар е секако најважниот, но не  единствениот.“ Историјата на културните, просветните и духовните процеси –  длабоко е вградена, втисната во нашата суштина, во нашето битие, нашиот македонски ентитет, и затоа поимите: македонски јазик, писменост, литература и култура треба да бидат овековечени во: културната историја, но и во културната и историската меморија. 

Повторно ќе го споменам големиот Гане Тодоровски, роден пред токму 95 години, кој македонствуваше и ќе продолжи да македонствува– низ песна и низ наука, говори за присуство на „еврозбор“ на нашето тло, оти Европа – нам ни е дома, и оти срцето на Европа чука од културните древнини и убавини на Македонија.

И оти историјата на уметноста и археологијата – нам ни се сведоци, нам ни се сожители, како што филологијата, историјата на македонскиот јазик, дијалектологијата и сите лингвистички, книжевно-историски и културолошки дисциплини, аргументирано сведочат за големата традиција и историја која спаѓа и во светското културно наследство.

Почитувани присутни,

Драги пријатели,

Македонскиот јазик и Семинарот за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имаат не само национално, туку и пошироко интернационално значење. За мене семинарот е сјаен преплет на врвна наука, едукација во пракса, развој на лекторати по македонистика во светот, соработки, вмрежувања, нови проекти, но пред се како и културна дипломатија. Развојот на културниот туризам како важна општествена и економска гранка, верувам дека како еден од приоритетите, навистина ќе вроди со плод.

Импозантна е бројката на досегашни учесници на летните и зимските школи, на меѓународните конференции – над 4000 учесници од околу 60-тина земји. Многу ме радува фактот што 65 семинаристи – македонисти  од  17 земји, од денес, од овој момент ќе запловат во македонистиката. Охрабрува податокот што македонистиката е во подем и што предизвикува голем интерес во светот, преку дејноста на 11 македонистички лекторати што треба да се зголемат, да се умножат и преку повеќе универзитетски центри, каде што се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура.

Ние треба или ние мора да покажеме институционална грижа за развој на дејноста на Меѓународниот семинар и лекторатите, потребно е да се развива високообразовна, научна и културна размена преку дијалог со светот, а важно е да се поттикнува и културната дипломатија што веќе ја споменав, која е прекрасен мост на соработка и прозорец кон светот, но и прозорец кон нашите културни трезори и најнови достигнувања. Искажувам гордост и радост што од годинава, Летната школа започнува со обновен концепт со визија, предложен од директорката на Меѓународниот семинар, проф. д-р Кристина Николовска, што е видливо од агендата.

Програмата, покрај редовната лекторска настава и пленарни предавања по македонски јазик и македонистика, од годинава, со нова енергија и идеи, започнува палета нови содржини кои ги краси креативност и иновативност. Амбициозната програма предвидува богати содржини како, на пример, амбиентална и интерактивна настава, веќе беше спомената Перипатичката школа, а ова интерактивна звучи сократовски, а јас се декларирам како сократовка, културно-историски екскурзии во манастирските комплекси Свети Наум и Плаошник, во јадрото на стариот град Охрид, во рајот на природата Вевчани, во поетска Струга и „Струшките вечери на поезијата“ и Спомен куќата, исто така, на браќата Миладинови.

Особено ме радува што професорите и семинаристите ќе одат „По стапките на Свети Климента“, почнувајќи од Плаошник, изворот на сèсловенската писменост и култура, а потоа ќе предаваат во спомен-куќите на: Прличев, Робевци, Узунов и Уранија, чекорејќи по славните сокаци на древниот град, каде секое камче има археолошка вредност.

Сево ова е показ и доказ дека Семинарот е – дом. Топол дом на македонистиката, чии прозорци водат кон знаење и наука, но и кон културно-историски и природни убавини на овој прекрасен бисер на Европа и Балканот – древниот град Охрид, кој го краси бисерното Охридско езеро. За среќа Охрид е и мој дом, мое родно место. Со солзи во очите доаѓам и си заминувам одовде. Дури и сега мислам дека езерото пее на македонски.

Почитувани,

Во својство на покровителка, чест ми е да ја прогласам за отворена 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и да им посакам успешна работа на семинаристите, на предавачите, на лекторите и на сите учесници. Посакувам длабоко македонистиката да има постојан развој и да продолжи биде вечна мисијата и дејноста на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

На крајот, во право беше еден професор, претседател на Светското здружение за филологија и лингвистика кога по ходниците во Стразбург слушајќи ме мене како набрзина зборувам македонски, ме запраша: „Мадам, на кој јазик зборувате?“ Јас реков: „На македонски.“ Неговиот коментар беше: „Звучи како да пеете, а не како да говорите“.

Благодарам.

   

Најново

ПСИХОПАТ ДО КРАЈ: Палевски мртов ладен гледајќи во таван ја ислуша одлуката дека е осуден на доживотен затвор!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО ТЕЛМА) Пренос во живо од изрекување пресуда на судење осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Sase Ivanovski

КОНЕЧНО ПРАВДА ЗА ВАЊА И ПАНЧЕ: ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПАЛЧО, МАНЕВ, КЕШИШЕВ И ВИДЕВСКИ Таткото на Вања е ослободен од обвинението

Sase Ivanovski

Николоски им ги презентира на француските бизнисмени транспортните политики на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Активноста во кинеските пристаништа достигна рекорд по трговското примирје со САД

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски е во тешка ситуација

Sase Ivanovski

Националната галерија на Македонија: Од отворањето на изложбите „Аквизиции и донации 2014-2024“ и  „Inter spem et metum/Помеѓу надеж и страв“

Sase Ivanovski

Натчовечка мисија: Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова пристигна на состанокот на Советот на НАТО

Sase Ivanovski

Андреас Трајковски со одличен скок донесе победа за Македонија на европскиот тимски атлетски шампионат

Sase Ivanovski

Уште една победа за Македонија во Словенија: Ивановски издоминира на 5.000 метри

Sase Ivanovski

Арсовска достави нови докази до Обвинителството за фалсификувани документи за легализации на дивоградби

Sase Ivanovski

Македонија напредува во борбата против перењето пари, но сепак има и недостатоци, утврди Советот на Европа

Sase Ivanovski

ФОТО | Прослава на улиците во Техеран по прекинот на огнот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Имињата на жртвите од Кочани се појавија пред скопското Обвинителство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАША ГОГА ВЕДНАШ ДО ЗЕЛЕНСКИ И МАКРОН НА САМИТОТ НА НАТО

Sase Ivanovski

НАТО без Америка? Трамповите закани и реалноста на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поплави во Кина, над 80.000 луѓе ги напуштија своите домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Sase Ivanovski

ИЈЗ објави препораки за заштита на здравјето на вработените во услови на високи температури

Sase Ivanovski

Револуционерно! Научници од Единбург развија техника за претворање на пластичниот отпад во парацетамол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почина туристката којa падна во вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Средба на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на Северна Македонија и на Туркије

Sase Ivanovski

Угринска: ДОМ е отворен за секој што ги поддржува зелените политики на локално ниво

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАФТАЛИЏЕ 1 ДОБИВА НОВА МОДЕРНА ГРАДИНКА ПО СИТЕ СТАНДАРДИ

Sase Ivanovski

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

Sase Ivanovski

Александар Анѓушев од ДОМ: Без здружување, гласовите на локалните избори ќе се изгубат

Sase Ivanovski

Велика Британија купува 12 авиони Ф-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Седум израелски војници убиени во Појасот Газа

Sase Ivanovski

САД: Две извршувања на смртна казна со смртоносна инјекција

Sase Ivanovski

Иранските власти обесија тројца мажи поради шпионажа за Израел

Sase Ivanovski

Трамп: Си-ен-ен и Њујорк Тајмс се здружија во обид да го оцрнат еден од најуспешните воени удари во историјата

Sase Ivanovski

Амбасадорот на Израел во ОН: Прерано е за дипломатски разговори со Иран, но тоа ќе се случи наскоро

Sase Ivanovski

Израел повторно ги отвори училиштата по примирјето со Иран

Sase Ivanovski

ФБИ ги зголемува ресурсите за борба против тероризмот по нападот во Иран

Sase Ivanovski

Во Кривичниот суд ќе биде објавена пресудата за убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Германија е лидер во Европа по продажба на електрични велосипеди

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со температури до 39 степени

Sase Ivanovski

Софија: Над 216 илјади бугарски пасоши се издадени на граѓани на С Македонија

Sase Ivanovski

(Видео) Бели балони за загинатите во Кочани „Никогаш нема да ве заборавиме“

Sase Ivanovski

Мицкоски загрижен за опстанокот на СДСМ

Sase Ivanovski

Иран прогласи „крај на 12-дневната војна“ со Израел

Sase Ivanovski

Укинати сите ограничувања за цивилите во Израел, аеродромите повторно функционираат

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на Трамп од дното на срцето

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите

Sase Ivanovski

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Баерн изгуби од Бенфика и во осминафиналето оди на Фламенго

Sase Ivanovski

Без здружени сили, гласовите на локалните избори ќе се изгубат, вели Александар Анѓушев од ДОМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Амандманот за „модерни“ македонска нација и јазик е преседан

Sase Ivanovski

Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Sase Ivanovski

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување, мораме да направиме повеќе

Sase Ivanovski

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ – БЕСПЛАТЕН културен спектакл под отворено небо!

Sase Ivanovski

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Sase Ivanovski

Палестина: Бараме прекинот на огнот да се прошири и на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Србија треба да избегне нов договор за гас со Русија, вели Енергетската заедница

Sase Ivanovski

Зголемен обем на работа на јавните обвинителства во 2024 година, покажа Годишниот извештај

Sase Ivanovski

Османи: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

Sase Ivanovski

Израелска армија: Воената кампања против Иран не е завршена, претстојат операции, но ИДФ засега ќе се фокусираат на борби во Појасот Газа

Sase Ivanovski

МНР на Бугарија: Манипулативното толкување на перцепцијата за идентитетот од страна на Скопје честопати служи како изговор за неисполнување на обврските

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди –  Владата додели средства за развој на урбаните подрачја, Македонија атрактивна дестинација за француските инвеститори

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Sase Ivanovski

Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Sase Ivanovski

ПРОСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО Е 2500 ЕВРА

Sase Ivanovski

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Казна од 1.000 евра за една „ситница“, но и цените ќе ве изненадат

Sase Ivanovski

Се огласи Путин: Ќе му помогнеме на Иран така што во Октомври ќе направиме арапско – руски самит

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

Sase Ivanovski

Средба меѓу Сиљановска и Жељазков во Хаг нема да се случи – вели Муцунски

Sase Ivanovski

ОВИЕ лекови не треба да ги пиете со кафе

Sase Ivanovski

МИСТЕРИОЗЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА НА АЕРОДРОМ ПРЕД САМИТОТ НА НАТО Некој ја саботирал железницата во Амстердам?

Sase Ivanovski

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

Sase Ivanovski

Повеќе од 600 луѓе убиени во Иран од почетокот на израелските напади

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА, ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СЕ СООЧИ НА МТВ СО УРЕДНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И СО ДВАЈЦА АНАЛИТИЧАРИ

Sase Ivanovski

Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Sase Ivanovski

РЕЦЕНЗИЈА НА ДЕНОТ, ВИБРАТОРОТ ЌЕ ГО БИДЕ

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ СМРТНАТА КАЗНА ВО ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Блумберг: Нерешена мистерија – каде е ураниумот на Техеран?

Sase Ivanovski

Словенскиот европратеник Тонин: Усвоениот извештај во АФЕТ точно да ја одразува моменталната состојба во земјата

Sase Ivanovski

Трамп ја објави честитката од Руте за „одлучната акција во Иран“

Sase Ivanovski

НЛБ Банка Скопје одбележува 40 години постоење

Sase Ivanovski
Вчитувам....