Жител на скопското село Никиштане вчера пријавил во полиција дека забележал сомнително црвенило на лицето на неговото дете, откако го зел од градинка во населбата Карпош, соопшти МВР.
„На 11.02.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Х.М.(33) од с.Никиштане, скопско, пријавил дека, откако го земал малолетниот син од детска градинка на подрачјето на Карпош, забележал црвенило на лицето на детето, кое, според пријавеното, најверојатно му било од удар со рака. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.