Mинистерството за внатрешни работи денеска објави дека се поднесени кривични пријави против претседателот и комесарот за безбедност на Слога Виница за инцидент во кој бил нападнат фудбалер на Карбиници. Станува збор за инцидент кој се случил по натпреварот одигран на 4 мај. Кривични пријави се поднесеи против Д.М и Н.К.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘насилство’. На 04.05.2025 во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Слога од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК Карбинци, објави денеска МВР во војот битлен.