20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:28
МАКТЕЛ

     

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се обрати пред учениците во Меѓународното училиште „Мариф”

      

На покана на Меѓународното приватно училиште „Маариф”, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, на 10 април 2025 година се обрати пред учениците  зборувајќи за кариерните предизвици, работното искуство и мотивацијата во остварувањето на целите. Во продолжение целосниот говор од обраќањето одржано на 10 април 2025 година: Драги ученици, почитувани професори, Многу ми е драго што сум денеска тука, со вас. Престојот овде, иако за многу краток временски период, спонтано ме потсети и врати на моите почетоци во образованието. Пред само 2 недели, моето основно училиште одбележа 80 години од своето постоење. Како првенец на генерацијата и како еден од најуспешните, бев поканет да им се обратам на учениците. Денеска сум тука со вас и верувајте убави се чувствата кога се потсетувате и се враќате на почетоците.  И со вас, како и со нив, во кратки црти  ќе го споделам мојот кариерен животен тек, она што ме водеше во животот, она што го прифатив за животна филозофија. Се надевам дека со тоа ќе ве охрабрам, и ќе бидам особено среќен ако успеам да ве инспирирам. И тоа во иста мера како што јас сум воодушевен од Фондацијата „Мариф“ и нејзиниот успех за краток временски период.

На самиот почеток, сакам да споделам со вас една моќна мисла од британската премиерка Маргарет Тачер. Таа, во јавноста позната како железната дама, во една прилика има изјавено: „Внимавајте на вашите мисли, зошто тие стануваат зборови. Внимавајте на вашите зборови, тие стануваат дела. Внимавајте на вашите навики, тие го прават вашиот карактер. Внимавајте на вашиот карактер, тој ви ја крои судбината. Тоа што мислиме тоа стануваме! “ И таа била апсолутно во право, бидејќи токму тоа ми се случи мене. Затоа бидете внимателни што посакувате, тоа може да стане реалност. Втората мисла којашто сакам да ви ја пренесам е од познатиот борец за човекови права, Нелсон Мендела кој рекол: „Јас никогаш не губам, или добивам или учам.“ Низ животот ова стана моја животна филозофија.  Е сега, да ги потврдам овие факти. Уште во основното образование, но уште повеќе во средното училиште, период кога се распаѓаше поранешна Југославија, не ги да пропуштав вестите, за сè она што се случуваше. Ме интересираше како функционира меѓународниот поредок, границите и можностите на меѓународното право. Се случуваа грозни работи, дури и во Македонија беа распоредени војници на ОН за да не се прелее конфликтот од Босна и Херцеговина, од Хрватска, од Косово. Во тој момент моите мисли почнаа да стануваат зборови. Посакав да бидам дипломат, го засакав меѓународното право, сакав да ги поправам неговите слабости и аномалии.

   

Моите зборови станаа дела, се запишав на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и таму се определив за групата Меѓународно право. Го засакав неговиот најзначаен сегмент, слободите и правата на човекот и граѓанинот. И основното образование, и средното го завршив како првенец на генерација. Слично беше и на факултет, бев во групата на десетте најдобри студенти. Уште тогаш на моите школски другари им велев, ќе станам врвен дипломат. Но, тоа не ми беше доволно. Сакав подлабоко на академски начин да навлезам во проучувањето на меѓународното право. Запишав постдипломски студии по групата Меѓународно право и меѓународна политика. Овие студии ги завршив со просек 10. Магистрирав и докторирав во областа на меѓународното право. Се појави конкурс за МНР. Од 450 кандидати бев прворангиран. Но, дојдоа разочарувањата, но и работи што ќе ми го одредат животот и кариерата. Конкурост не се реализираше повеќе од две години, во тој период сакав да останам на факултет, како демонстратор, па асистент. Но едно саботно утро дојде повик од претседателскиот Кабинет. Како најдобар постдипломец ми беше понудено да се приклучам во Кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Почнав да внимавам на моите навики, зошто нели тие го прават вашиот карактер, а карактерот ја крои вашата судбина. Ете, мојата судбина беше да останам цели 18 години во претседателскиот Кабинет и да прераснам во врвен дипломат. Станав главен дипломатски советник на тројца македонски претседатели. Навиките и карактерот ми ја скроија судбината, а се однесуваа на тешка форма на професионалност, одговорност и посветеност на работата. Бескомпромисност во своите ставови. Моите сведоштва од тој период, средбите со светски лидери, посета на повеќе од 80 држави, околу 500 патувања по светот со претседателите, сето тоа ќе можете да го видите во книгата што ја напишав „Сведоштва од претседателскиот кабинет“ што денес ја подарувам на вашата библиотека.

За целиот овој период, бев инспириран од Нелсон Мендела, за мојата животна филозофија. Никогаш не губев, или добивав или учев, а добив многу, а научив уште повеќе. Оваа животна филозофија е нераскинливо поврзана и условена со она што многу одамна грчкиот филозоф Хераклит го има заклучено „The Only Constant in Life Is Change”. Ако е тоа така, а верувам дека е, природно е да се постави прашањето: како да се победи „стравот од промените” што исто така, претставува единствена константа во животот? Некаде во 2016 година, во исклучително тешка политичка перманентна криза во државата, дојде до заситување кај мене. Тешки беа околностите за афирмација на моето знаење и искуства. Посакав да дадам придонес во друга област, помирна работа. Посакав да станам уставен судија. И станав. Станав и сега сум претседател на Уставниот суд. И во изминатите 7 години како уставен судија постапував согласно со моите навики и мојот  карактер, професионално, одговорно, бескомпромисно. Го добив и прекарот „терсене” судија, што во превод значи судија на кој не можете да му влијаете, судија кој не прави компромиси со владеењето на правото со никого. И тоа континуирано го докажував. Имам рекорден број издвоени мислења – 53 досега, веројатно никој никогаш нема да го сруши овој рекорд. Напишав 5 книги кои претставуваат исклучителен придонес за правната наука и уставното судство. Вам ви донирам примероци од сите пет книги за вашата билбиотека.

Ете, тоа е мојата животна траекторија во кратки црти, со што потврдувам дека Тачер била во право, а мотото на Мендела апелирам секој од вас да го прифати како животна филозофија.  Апелирам до вас, да ги искористите максимално годините поминати токму во оваа зграда за да го откриете својот целосен потенцијал, да ги развивате вашите вештини, да создавате трајни пријателства. Ова е местото каде што се негуваат соништата и се кова иднината. Ова училиште не ви нуди само знаења, уште повеќе тука го градите вашиот карактер, вашиот интегритет, основата и системот на вредности коишто подоцна само ќе ги надградувате. Лекциите што ќе ги научите тука, пријателствата што ќе ги стекнете и искуствата кои ќе ги доживеете – ќе ве дефинираат, ќе влијаат на вашите животи. Д-р Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

    

Најново

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski
Вчитувам....