Трамп го нарече овој закон „единствениот, голем, прекрасен закон“, кој беше усвоен со 215 гласа „за“ и 214 „против“, при што сите демократи и двајца републиканци гласаа против. Трет републиканец гласаше „воздржан“. Пакетот треба да биде одобрен и во Сенатот, кој исто така е под контрола на Републиканците, пред Трамп да може да го потпише и претвори во закон. Гласањето следеше по маратонска дебата што траеше две последователни ноќи Домот на претставници на САД, кој е под контрола на Републиканците, со тесно мнозинство го усвои сеопфатниот закон за даноци и трошоци, со кој би се спровеле голем дел од политиките на претседателот Доналд Трамп, но и би се зголемил јавниот долг на земјата за илјадници милијарди долари, пренесува Ројтерс.
Законот ги исполнува многу од популистичките ветувања од кампањата на Трамп, нудејќи нови даночни олеснувања за напојници и автокредити, како и зголемување на трошоците за војска и зајакнување на граничната безбедност. Според непартиската Канцеларија за буџет на Конгресот (CBO), овој закон ќе го зголеми федералниот долг за околу 3,8 трилиони долари, кој моментално изнесува 36,2 трилиони, во следната деценија. Трамп го нарече овој закон „единствениот, голем, прекрасен закон“, кој беше усвоен со 215 гласа „за“ и 214 „против“, при што сите демократи и двајца републиканци гласаа против. Трет републиканец гласаше „воздржан“. Пакетот треба да биде одобрен и во Сенатот, кој исто така е под контрола на Републиканците, пред Трамп да може да го потпише и претвори во закон. Гласањето следеше по маратонска дебата што траеше две последователни ноќи.
Законот од 1.000 страници би ги продолжил даночните олеснувања за корпорации и индивидуалци од 2017 година (првата година на Трамп како претседател), би ги укинал многу од стимулативните мерки за зелена енергија усвоени за време на демократскиот претседател Џо Бајден, и би ги заострил условите за пристап до здравствени и прехранбени програми за сиромашните. Исто така, ќе го финансира заострувањето на имиграциската политика на Трамп, со вработување на десетици илјади нови граничари и создавање капацитети за депортација на до 1 милион луѓе годишно. Законот беше усвоен и покрај сè поголемата загриженост за американскиот долг, кој достигна 124% од БДП и предизвика намалување на кредитниот рејтинг на САД од страна на агенцијата Moody’s минатата недела. Веќе две децении, американската влада секоја година бележи буџетски дефицит, без оглед дали е под водство на Републиканци или Демократи.
Според CBO, минатата година една од секои осум долари потрошени од федералната влада отишле за плаќање камати – повеќе отколку за војската. Во следните десет години, овој сооднос ќе се зголеми на една од секои шест долари поради зголемувањето на трошоците за здравство и пензии како резултат на стареењето на населението – дури и без да се земе предвид овој закон на Трамп. Инвеститорите, вознемирени од финансиската состојба на САД и непредвидливите трговски потези на Трамп, сè повеќе го распродаваат доларот и другите американски средства кои се основа на глобалниот финансиски систем. „Вечерва не ги пренаредуваме столчињата на Титаник, туку ставаме јаглен во котелот и поставуваме курс кон ледениот брег,“ изјави републиканскиот пратеник Томас Меси од Кентаки, еден од двајцата републиканци кои гласаа против законот.
РОК ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДОЛГОТ Републиканските поддржувачи на законот тврдеа дека неговото неусвојување би значело зголемување на даноците за многу американски домаќинства. Законот исто така треба да послужи за зголемување на федералниот лимит за задолжување – мерка што Конгресот мора да ја усвои до лето за да избегне катастрофален стечај. „Успехот на земјата зависи од ова,“ изјави пратеничката Стефани Бајс од Оклахома, републиканка, во средата. „Ова се цели кои го поттикнуваат растот, кои претседателот силно ги поддржува, и затоа продолжуваме понатаму.“ Со тесно мнозинство од 220 спрема 212, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон не можеше да си дозволи да изгуби повеќе од неколку гласови од неговата страна. Републиканците од десното крило бараа подлабоки кратења во трошоците за да се намали буџетскиот товар, но наидоа на отпор од центристите кои се плашеа дека товарот ќе падне врз 71 милион Американци со ниски приходи кои се корисници на програмата Medicaid.
Џонсон направи измени за да ги ублажи грижите на конзервативците, вклучувајќи нови барања за работа за корисниците на Medicaid кои би стапиле на сила на крајот од 2026 година – две години порано од претходно планираното. Според CBO, тоа би исфрлило неколку милиони луѓе од програмата. Законот исто така предвидува казнување на сојузните држави кои би ја прошириле програмата во иднина. Џонсон исто така го прошири даночното олеснување за плаќање државни и локални даноци, што беше приоритет за неколку центристички републиканци од држави со високи даноци како Њујорк и Калифорнија. Демократите остро го критикуваа законот, оценувајќи дека тој непропорционално им користи на богатите, додека им ги намалува бенефициите на работничките класи. Според CBO, тој би ги намалил приходите на најсиромашните 10% од домаќинствата, додека би ги зголемил приходите на најбогатите 10%. „Овој закон е измама, даночна измама осмислена да ви краде на вас, американскиот народ, и да им дава на пријателите на Трамп, милионери и милијардери,“ изјави демократскиот пратеник Џим МекГоверн. Сенатот, каде што Републиканците имаат мнозинство од 53 спрема 47, најверојатно нема да го разгледува законот пред почетокот на јуни. Водечките републиканци во Сенатот веќе најавија дека можно е да направат значајни измени пред неговото усвојување. Извор: Новинска агенција МЕТА