Полицијата приведе две лица кои се обиделе да извршат кражба во фирма во неготинското село Пепелиште.„Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М.(24) и А.М.(23), двајцата од село Криволак, неготинско.
Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, неготинско. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои се обиделе да го извршат делото“, информираат од МВР. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.