Две лица биле приведени вчера кај Демир Капија.
„Вчера во 21.15 часот на регионалниот пат, на влез во Демир Капија, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ извршена била контрола на патничко возило управувано од Д.И.(39), а како совозач бил С.П.(37), двајцата од Демир Капија, а непосредно пред контролата од прозорецот на возилото во движење С.П. исфрлил кеса со бела прашкаста материја. Тие биле лишени од слобода и предадени на полициски службеници од Полициската станица Неготино за понатамошна постапка“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.