Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја и министерот за правда Јилмаз Тунч го осудија повикот за протести и го опишаа како „неодговорен“. Јерликаја ги обвини демонстрантите дека сакаат да „го нарушат јавниот ред и да предизвикаат хаос“.
Имамоглу, пак, ги пофали протестите за кои рече дека се насочени кон заштита на „демократијата“. Се очекува тој денеска да даде исказ во полицијата во Истанбул каде што е задржан од средата, а потоа да биде изведен пред суд. Ако Имамоглу биде осуден за тероризам, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер.
View this post on Instagram