Триесет и осумгодишен маж од Крушевско бил приведен вчера поради предизвикување пожар. „Вчера во 14.15 часот во атар на с.Алданци, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.И.(38) од с.Норово, крушевско, поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека во село Алданци, кај место викано „Кобел”, предизвикал пожар на сува трева и стрниште, по што била зафатена нискостеблеста дабова шума на поголема површина“, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.