Приведен разбојник во Велес, украденото ќе биде вратено на сопственичката
Денеска (28.04.2023) околу 16 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д. (42) од Велес, кој малку време пред тоа на ул. Илинденска во Велес извршил разбојништво врз Б.Л. (69) од која со употреба на сила одзел златно ланче. Ланчето е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а С.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведени дилери во Ресен, пронајдена дрога
На 28.04.2023 во Ресен на ул„Јосиф Јосифовски“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен ги лишиле од слобода И.Т.(30) и Д.Ч.(36), двајцата од Битола. Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од И. Т., а во кое сопатник бил Д. Ч., во еден момент Д.Ч. се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја, но бил фатен од полициските службеници, по што дополнително кај него биле пронајдени две кесички со бела и кафеава материја.По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.