Полицијата приведе 39-годишен скопјанец, кој според пријавата ѝ се заканувал на градоначалничката Данела Арсовска од автомобил додека поминувал на булеварот „Словенија“.
„На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани“ соопшти МВР. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.