Приведен е скопјанец, кој ноќеска „летал“ со над 100 километри на час во населено место во Пробишти,
„На 27.05.2025 во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р. (56) од Скопје. На регионалниот пат Р-1205 во сПишица, Пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.