Вчера на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го привеле четириесет и тригодишниот Х.Б.од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните.