Полицијата вчера попладне го приведе 19-годишниот С.М. од Куманово, кој во населено место возел со брзина 50 километри на час поголема од дозволената.
-При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило БМВ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час – појаснуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.