Вчера во 13.50 часот во Гевгелија бил приведен четириесет и шестгодишниот Б.М. од Гевгелија.
„При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, мобилен телефон, нож и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.