17.8 C
Скопје
30/05/2025 09:00
МАКТЕЛ

     

„Придобивките за нашите компании од зелените коридори ќе бидат огромни“: еве што велат од Комората за заедничкиот регионален пазар

      

Со целосно функционални зелени коридори на сите граничните премини кои го поврзуваат регионот со ЕУ намалувањето на времето на чекање на граница за три часа би било слично со намалување на царинските стапки за два процента во сите економии, покажуваат анализите на Стопанската комора на Северна Македонија.
Интрарегионалниот извоз на шесте држави од регионот сега изнесува само 14 проценти, а поголемата трговска размена е само една од придобивките од Планот за раст, за што пак, како што порачаа денеска од Комората, клучна е надградбата на регионалната соработка и отстранувањето на бариерите за трговска размена.

Влатко Стојановски, портпарол на Комората, вели дека пречките за поголема размена се нетарифните бариери, како што се царински и безбедносни сертификати, фитосанитарни дозволи итн.
– На тоа треба доста да се работи. Ние постојано ги идентификуваме и апострофираме дека се пречка за унапредување на регионалната трговска размена – рече Стојановски на прес-конференција за Планот за раст и прокетите на Коморскиот инвестициски форум од кој е дел оваа комора.

   

Поради недостаток на правна основа од земјите од ЕУ за размена на податоци со земјите кои не се членки, зелените коридори почнаа да се поставуваат на клучните гранични премини кои го поврзуваат регионот, но само во еден правец. Затоа, укажа Стојановски, мерките од новиот План за раст предвидуваат целосна размена на податоци што ќе овозможи значително скратување на времето за чекање на граничните премини, но и заедничко признавање на овластувањата на овластените економски оператори.

– Придобивките за нашите компании од ова ќе бидат огромни. Само во 2023 година од постојните зелените коридори времето на чекање се намали на граничните премини и придонесе да биде заштедено време од 20 години врз основа на веќе поставените интрарегионални зелени региони. Додека пак со целосно функционални зелени коридори на сите граничните премини кои го поврзуваат регионот со ЕУ намалувањето времето на чекање на граница за три часа би било слично со намалување на царинските стапки за два процента во сите економии. Истовремено зелените коридори ќе придонесат за континуирано функционирање на синџирите за снабдување, ќе се поттикне и зголемувањето на трговијата и ќе го направат регионот попривлечен за инвеститорите – рече Стојановски кој со Сања Николова од денеска се нови портпароли на комората.

Како што потенцира, Планот за раст овозможува нови потенцијали за економиите во регионот бидејќи се заснова на премисата дека не треба да се очекува само земјите членки од регионот да ги преземат сите потребни чекори за да се приближат кон Унијата, туку и дека Унијата има обврска да направи исчекопр кон нив со цел да им се забрза европскиот пат.
Од Комората потенцираат дека потребите за намалување на јазот на економската конвергенција се и повеќе од очигледни. Извештаите на ЕК за економите во ЗБ посочуваат дека регионот се уште не е на ниво на фукционална пазарна економија, која може да се справи со конкурентските притисоци што доаѓаат претежно од ЕУ.

– И покрај позитивните поместувања во изминатиот период сепак просекот на БДП по глава на жител во регионот останува речиси една четвртина од просекот на 27-те членки во ЕУ. И покрај близината и другите поволни фактори за поттикнување на трговијата сепак интрарегионалниот извоз во регионот изнесува само 14 проценти. ЕУ останува доминантен извозен пазар за ЗБ со тоа што за повеќето земји од регионот извозот во ЕУ е петпати повеќе од извозот во земјите од ЦЕФТА – укажа Стојановски.
Наш најголем трговски партнер во интрарегионалниот извоз е Србија, по што следуваат БиХ и Албанија. Економиите од ЗБ најмногу тргуваат со земјите од ЕУ и нивниот извозот е пет пати поголем од земјите во ЦЕФТА поради што, нагласи Стојановски, треба да се унапреди интрарегионалната соработка преку акцискиот план за единствен регионален пазар.

– Како главни трговски бариери во надворешната размена се посочуваат административните и царински процедури, безбедносните барања и сертификати, вклучувајќи ги и санитарните и фитосанитарите мерки и технички трговски бариери. И ЕК најави дека е потребно да се донесат активни мерки за склучување меѓусебни договори за отстранување на овие бариери и за воведување на ЦЕ ознаката за европски сертификат за сообразност со цел усогласување со ЕУ стандардите за квалитет на производите. Бизнис заедницата преку КИФ има можност директно да се вклучи и да даде придонес во овој процес – посочи Стојановски.

Бизнис секторот во рамки на КИФ беше консултиран за приоритетните области на кои треба да се работи за забрзан пристап кон ЕУ и доби мандат да работи на подготовка на новиот акциски план за заеднички регионален пазар кој пак треба да биде основа за унапредување на регионалната соработка. Едно од клучните прашања што ќе ја олесни соработката на домашните со европските компании е пристапувањето кон единствениот систем на плаќање на ЕУ. Нашата предапликација за членство е доставена во април, а придобвките за македонските компании се очекува да бидат следната година.

Николова, пак, го претстави новиот проект на КИФ поддржан од ЕУ од кој е дел Стопанската комора а преку кој се нуди поддршка на компаниите од регионот во повеќе аспекти. Една од главните цели е зголемување на конкурентноста со создавање унифициран регионален пазар преку намалување на економските разлики и поттикнување поблиски трговски врски помеѓу бизнис заедицтите, пред се, во регионот, но и со ЕУ.
– Поентата е овој регион заеднички да има полесен пристап до европскиот и секако до други пазариКолку повеќе се доближат компаните од регионот и се гради интрарегионалната соработка толку ќе им биде полесно на сите компании од регионот да настапат на европскиот пазар – порача Николова.

Во рамки на КИФ на 10 јуни е објавен нов повик до малите и средните претпријатија (МСП) од шесте економии на Западен Балкан да учествуваат во програмата за Техничка помош за влез во европските и светските пазари. Седумдесет избрани МСП од регионот ќе можат да добијат помош околу пласирање на нивните производи на пазарите на ЕУ, со фокус на германскиот и на италијанскиот пазар, потполно бесплатно. Повикот еотворен до 12 следниот месец.Коморскиот инвестициски форум на 6-те економии на Западен Балкан (КИФ ЗБ6) е заедничка иницијатива на стопанските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора којашто ги претставува интересите на повеќе од 300.000 компании, со мисија да ја поврзе деловната заедница во регионот и да понуди заеднички глас на деловните субјекти во регионот.
Фото: Принтскрин/Фејсбук

   

Најново

Украина тврди дека руски дрон го погодил пристанишниот град Измаил, на границата со Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВ ПАТ ВО БИТОЛА СЕ РАСПАЃА?!?!

Sase Ivanovski

Пресврт во Италија: Конте донел конечна одлука!

Sase Ivanovski

Рубио до Муцунски: Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет проценти од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Филипче најави санкции за советниците: Дел од досегашните не си ја вршеа добро работата

Sase Ivanovski

Сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци, бара Здружението на инженери

Sase Ivanovski

Југозападна Африка ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени

Sase Ivanovski

Ќе се вработуваат 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Sase Ivanovski

Законот за локална самоуправа на пленарна седница

Sase Ivanovski

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан

Sase Ivanovski

Планот на САД предвидува 60-дневен прекин на огнот во Газа и ослободување на 28 израелски заложници

Sase Ivanovski

САД во ОН: Путин треба да го прифати предлогот за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Европа треба да го „заостри својот став“ кон Израел, ако не ја ублажи хуманитарната криза

Sase Ivanovski

Во нападите на руски беспилотни летала во Харков и Запорожје, загинаа две, а шест лица беа ранети

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд

Sase Ivanovski

Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск

Sase Ivanovski

ЦРНА ПРОГНОЗА ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Дури 7 милиони нови работни места ќе исчезнат оваа година, и за тоа само еден човек е виновен

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ РАБОТИ ПОДОЛГО ОД 8 ЧАСА? Лавина реакции за идејата да се воведе максимално неделно работно време

Sase Ivanovski

ОВДЕ Е РАЈ ЗА БАЛКАНЦИТЕ: Има одлични плати и услови за живот

Sase Ivanovski

МЛАДИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ И ПОНАТАМУ ВО ФОКУСОТ – се носи нов Закон за земјоделство, еве што е пропишано за помош во секторот

Sase Ivanovski

Сте виделе ли слики од Газа на Google maps?

Sase Ivanovski

ЏЕЈ ЗИ НАПРАВИЛ СМЕТКА ОД 90.000 ДОЛАРИ Луѓето бесни поради бакшишот од 11.000 долари, малку е!

Sase Ivanovski

СОНЦЕТО ЌЕ НÈ ПОЧЕСТИ ЗА ВИКЕНД Утре ќе има слаб дожд и многу облаци

Sase Ivanovski

ЃОКОВИЌ ПОЈАК ОД БОЛКИТЕ И ОД КОРЕНТИН МУТЕ Српскиот ас со „една нога“ го победи Французинот

Sase Ivanovski

Делови од Карпош, Центар и Ѓорче Петров во петок и до пет часа ќе немаат струја

Sase Ivanovski

Најден е тефтерот на газдата на „Пулс“ Дејан Јованов, се знае кому сè плаќал мито, откри Коцевски

Sase Ivanovski

Трипуновски тврди дека има „сериозни поместувања“ во земјоделството

Sase Ivanovski

Панчо е осомничен за пиротехниката, но во моментот нема да се води постапка за него поради неговата здравствена состојба

Sase Ivanovski

(Видео) Што кажа директорот на АНБ во интревју за „360 степени“за тоефлот од Пловдив по неговото назначување за директор на АНБ

Sase Ivanovski

Се запали локомотива на патнички воз меѓу Миравци и Смоквица

Sase Ivanovski

Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп

Sase Ivanovski

Студентите во блокада во Србија в недела на протести низ градови во целата држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Sase Ivanovski

Ова се најчестите причини зошто браковите и врските се распаѓаат

Sase Ivanovski

Вучиќ: Белград и Москва формираа работна група за извоз на муниција од Србија во Украина

Sase Ivanovski

Некои од најтоксичните предмети во домот

Sase Ivanovski

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

Sase Ivanovski

Топ-листа: 25 најдобри нудистички плажи во светот

Sase Ivanovski

Рубио на средбата со Муцунски побарал НАТО сојузниците да поддржат до пет проценти извојување од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток

Sase Ivanovski

На денешен ден пред 34 години: „Црвена ѕвезда со голот на Дарко Панчев стана шампион на Европа

Sase Ivanovski

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СКОПЈЕ 2014 … И ПОТОА“ ОД ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Поминаа 10 години од славниот „проект“ и од „револуцијата“ која сакаше да раскрсти со него

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани во Мадрид на средба со ГенСек на Меѓународна фондација за јавна администрација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците пет месеци немаат добиено плата, бараат средба со премиерот

Sase Ivanovski

Свесно ја угушил партнерката – Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци

Sase Ivanovski

Од 1 јуни венчавки ќе има во „Порта Македонија“

Sase Ivanovski

ГАШИ НА ПРВАТА ГОДИШНИНА ОД МАНДАТОТ:  СОБРАНИЕТО НЕ Е ХРАМ НА ВЛАСТА, ТУКУ ДОМ ЗА СИТЕ 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дигитално описменување на лицата од третата доба во Општина Карпош

Sase Ivanovski

Трпаноски: Организацијата на ЕП во џудо е извонредна можност за промоција на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИМА ЛИ ОД ОВА ПОГОЛЕМА ИНСПИРАЦИЈА: Девојка победи на трка без две нозе, со протези

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Владата брзо реагираше по несреќата во Кочани, финансиска поддршка за семејствата е исплатена и од Буџетот и од Црвениот крст

Sase Ivanovski

Италијанскиот амбасадор Палминтери: Верувам дека пречките помеѓу Скопје и Софија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица во која ќе гласа и дијаспората

Sase Ivanovski

Герасимовски: Се подготвувам за втор мандат, имаме одличен план и програма

Sase Ivanovski

Сте виделе ли слики од Газа на Google maps?

Sase Ivanovski

Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово в сабота без вода поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Ристески: Со Оперативниот план за активни програми за вработување годинава ќе опфатиме повеќе од 16.000 лица, годинава фокусот е на младите лица

Sase Ivanovski

Затвореници од струмичкиот затвор отидоа во театар, ја проследија комедијата „Стилист“

Sase Ivanovski

Спасовски: Дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Чаир?

Sase Ivanovski

ЗА ЧАС И ПОЛОВИНА ОД СКОПЈЕ ДО БИТОЛА Со нетрпение се очекува изградбата на втората делница од патот

Sase Ivanovski

Нова димензија на „патлиџан туризмот“, со полн фрижидер – ем се сончаш, ем си ручаш!

Sase Ivanovski

НОВИОТ ГУВЕРНЕР СЛАВЕСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДЕНАРОТ Е ПРЕЦЕНЕТ, НО КУРСОТ НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ТУКУ ЌЕ СЕ ПЕГЛА СО ПОМАЛА ИНФЛАЦИЈА Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам во спротивното, порача новиот гувернер

Sase Ivanovski

МУЦУНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО РУБИО ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ Работна посета во САД по повод 30 години од Дејтонскиот мировен договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПАСОВСКИ: Дали се исплатени средствата на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митрески: Славески ќе остане запаметен по изјавите ‘ немојте да ја зголемувате минималната плата‘

Sase Ivanovski

Мицевски: Договорот на Македонија со Обединетото Кралство во вредност од 6 милијарди евра носи нови инвестиции, развој за инфраструктурата, здравството, образованието и енергетскиот сектор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: За Славески 9 илјади денари беше висока плата, ама сега ќе има 300 илјади денари плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ИЗНЕНАДЕН СУМ ШТО ВЛАДАТА УСПЕА ДА НАПРАВИ ВАКОВ ПОВОЛЕН ДОГОВОР СО ЗЕМЈА ОД СВЕТСКО РЕНОМЕ КАКО БРИТАНИЈА

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА АРСОВСКА Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините

Sase Ivanovski

ПРОНЕВЕРА ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Финансиската полиција уапси едно лице

Sase Ivanovski

АТАК ЗА ТРЕТА ПОБЕДА ВО КАВАДАРЦИ Јанчев тргнува во нова битка со силна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СЕ ЗАМОНАШИ ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО ВАТИКАН Ѓоко Ѓорѓевски сега е монах Георгиј

Sase Ivanovski

КНИГИ НА МИСИРКОВ, ПУЛЕВСКИ, КОНЕСКИ… БИЛЕ УНИШТЕНИ СО ХАКЕРСКИ НАПАДИ ВРЗ МАНУ Најважните стари книги за македонскиот јазик повторно се на интернет

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: ЕУ интеграцијата на Западен Балкан до 2030 година е задничка обврска на регионот и Унијата 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Ни треба специјална анти пожарна единица, при гасењето на пожарите забележав пожарникари во лоша физичка кондиција а некои имаа и фобија од оган

Sase Ivanovski

СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

САД нема да издаваат студентски визи – се бара проверка на кандидатите на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

„СКЕНИРАЧИ“, ИМАЈТЕ ТРПЕНИЕ, КАКО СЕ ОБРАБОТУВААТ НАЛОЗИТЕ, ТАКА ЌЕ ВИ ЛЕГНУВААТ ПАРИТЕ – од МојДДВ за прв квартал граѓаните ќе бидат побогати за 12,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година

Sase Ivanovski

Министерство во Газа: 67 мртви и 184 ранети во Појасот Газа во последните 24 часа

Sase Ivanovski
Вчитувам....