Прилепска Пиварница продолжува да работи водејќи сметка за животната средина со новата инвестиција во подобрување на производните процеси. Како дел од обврската кон еколошки одржливи практики, Пиварницата почна со користење иновативни пластични капачиња, кои остануваат прицврстени на амбалажата. Оваа промена е дел од целта за намалување на загадувањето и обезбедување поефикасно рециклирање на материјалите.
Со приспособување на производните линии за пијалаци во ПЕТ-амбалажа, Прилепска Пиварница користи претформи и капачиња со помала тежина, што директно ја намалува количината пластичен отпад, без да се компромитира квалитетот на производите, а промената ќе има позитивен ефект врз животната средина.
„Со оваа инвестиција продолжуваме да работиме на намалување на влијанието на пластиката врз природата. Нашата цел е да придонесеме за поквалитетна иднина и чиста животна средина, а оваа иновација ќе има значителни еколошки придобивки. Прогнозата покажува дека во 2025 година ќе намалиме 130.000 килограми пластичен отпад, што претставува важен чекор напред во нашата обврска да ја зачуваме планетата за идните генерации“, изјави г. Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор на Прилепска Пиварница.Со оваа промена, Прилепска Пиварница не само што ги исполнува обврските во согласност со европската Директива 2019/904, која има за цел да го намали влијанието на пластичните производи врз природата, туку и активно се подготвува за продолжување на својот извоз на европските пазари. Иако во Македонија наведената забрана не е во сила, приспособувањето на линиите ќе овозможи продолжување на извозот на пазарот во ЕУ, а од друга страна ја потврдува лидерската позиција на македонскиот пазар како компанија што ги следи најсовремените трендови во заштитата на животната средина.
Новото решение ја носи Прилепска Пиварница чекор поблиску до својата цел – да биде компанија која не само што произведува висококвалитетни производи, туку и активно се грижи за животната средина.