Прилепчанец се обидел да голтне пакетчиња дрога пред да го уапсат полицајците, односно при претрес на неговиот дом.
-На 12.03.2025 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле неколку пакувања со прашкаста материја, кои се обидел да ги проголта, но бил спречен- соопшти МВР.
СВР Битола поднесе кривична пријава против четириесет и деветгодишниот прилепчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „спречување на докажување“.