37-годишна прилепчанка доби кривична пријава откако украла три платежни картички од домот на сопственикот, по што со нив плаќала во 12 наврати, соопшти МВР.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.У.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Пријавената, од домот на едно лице украла три платежни картички и извршила вкупно 12 трансакции на различни локации“, пишува во полицискиот билтен.