Принцот Хари дојде во ненајавена посета на Украина каде се сретна со повредени припадници на воените служби. Посетата е дел од неговата континуирана хуманитарна работа со ранетите ветерани, пренесуваат странските медиуми.Фото: Принтскрин / Инстаграм За време на престојот во Украина, 40-годишниот принц Хари го посети Центарот „Суперхјуман“, специјализирана ортопедска клиника во Лавов, која обезбедува бесплатна рехабилитација на повредените воени лица и цивили
„Принцот го обиколи центарот, разговараше со пациентите и медицинските работници и беше запознаен со работата на хируршкиот тим за подобро да ги разбере најсовремените услуги што се обезбедуваат“, потврдил портпаролот.
Според британските медиуми, Хари бил поканет во Украина од извршната директорка на организацијата Олга Руднева, која во два наврати му ја испратила поканата. Од безбедносни причини, посетата беше објавена во јавноста дури откако принцот ја напушти земјата.
View this post on Instagram
За време на посетата, Хари доби емотивен подарок – нараквица со неговите иницијали и цитат: „Кој спаси еден живот, го спасува светот“. Тој, исто така, повторно се здружи со еден украински натпреварувач од „Игрите Инвиктус“, кој му подари специјална воена ознака. На принцот му се придружија на посетата четворица ветерани од неговата Фондација „Игрите Инвиктус“, кои и самите поминале низ слична рехабилитација по повредите здобиени во воените конфликти.