Порано во текот на денот, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија може да подготвува уште еден масовен ракетен напад како одговор на успешната украинска операција против руските воени авиони, за што вчера беа објавени во светските медиуми.Руските сили извршија ноќен напад врз градот Харков користејќи дронови и балистички ракети, при што беа повредени најмалку шест лица, вклучувајќи и едно дете, соопштија локалните власти во раните утрински часови во понеделник.
Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, целта на нападот беше округот Холодногирски, каде што наводно меѓу повредените е седумгодишно момче, објавува „Киев Индепендент“.
Две балистички ракети го погодија и округот Киевски – едната експлодираше на пат, додека другата детонираше во близина на станбени згради, кршејќи прозорци и оштетувајќи фасади.
Точниот број на повредени и обемот на материјалната штета сè уште се утврдуваат. Терехов потврди дека во нападот се оштетени и голем број куќи, цивилна компанија и неколку возила.
Порано во текот на денот, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија може да подготвува уште еден масовен ракетен напад како одговор на успешната украинска операција против руските воени авиони, за што вчера беа објавени во светските медиуми.
– Дури и пред почетокот на оваа операција, нашите разузнавачки служби имаа информации за подготовки за нов руски напад од големи размери – рече Зеленски во своето вечерно обраќање.
– Исклучително е важно нашите граѓани да не ги игнорираат воздушните предупредувања. Синоќа имаше речиси 500 руски беспилотни летала во воздухот, вклучувајќи и ударни беспилотни летала. Секоја недела го зголемуваат бројот на единици по напад. Овој пат тие подготвија и крстосувачки ракети „Калибр“, од морски платформи – додаде Зеленски.
Русија ги интензивираше своите масовни воздушни напади на украинска територија во последните денови. Самиот Харков и неговата околина веќе беа цел на голем напад со беспилотни летала претходната ноќ – речиси 500 од нив беа лансирани кон украински цели, најголем број регистрирани досега во една ноќ.Областа Харков, во североисточна Украина, е честа цел на руски ракетни, беспилотни и воздушни напади. Густо населените урбани области се особено погодени, а руските сили редовно ги таргетираат станбените згради и цивилната инфраструктура.