Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство.
„Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари“, велат од компанијата.