Никој не ја спречувал власта преку проверка на имот на судии и обвинители и досега да утврди несразмерно богатење на оние за кои има основно сомневање и тоа преку низа институции, вклучувајќи ја ДКСК. Проблемот е во селективноста, зашто споменувајќи едни кои, наводно биле дежурни судии на СДСМ и ДУИ ги заборава другите, кои наводно биле избрани од „тефтерчињата“, со што ќе се доведе во прашање објективноста на процесот на проверка. Освен тоа и во предизборната програма ВМРО-ДПМНЕ се има заложено за целосна проверка на сите судии, пишува Вистиномер. Партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ даде изјава/соопштение кое се однесува на правосудството, во кое може да се препознае недоследност: Во секоја фаза од долгиот марш на конзервативното движење кон власта, клучната помош беше обезбедена од еретиците од левицата, пишува Паркер. Популизмот во недостаток на јасно одредени клучни вредности во најдобар случај е исто што и демагогија, односно помошно идејно-техничко средство за доаѓање на власт…, пишува Бакиќ. Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во државата. Со чиновничка плата на грбот на граѓаните стигале до имот како блискоисточни шеици. Судството и обвинителството наместо да се бори против криминалот, реши да служи на неправдите и криминалот. И време е да се стави крај. Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица. Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа.
Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата. Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал. Жално е што СДС и ДУИ не најдоа за сходно да ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата. Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал.[Извор: ВМРО-ДПМНЕ/веб – Соопштение; – датум: 19.02.2025] Образложение: Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во својот комуникациски став до јавноста околу проверка на интегритетот на избрани и именувани судии се заложи за проверка на нивниот имот, став кој на прв поглед се чини доследен, но во суштина е недоследен поради својата селективност, пишува Вистиномер. Имено, споменувањето на проверка на „дежурни судии кои се на телефонски повик во штабовите“ на СДСМ и на ДУИ, како и споменувањето поименично на судиите Илија Трпков или Добрила Кацарска, покажува дека владејачката партија е сигурна дека постојат такви судии (многу пати кажано) и дека тие суделе по нарачка на политичките елити кои до вчера беа на власт. Но, проблемот не е толку едноставен, затоа што за судии кои суделе наводно според „тефтерчето на Горде“, односно избрани и именувани од 2007 до 2017 година, сега владејачката партија не споменува ништо и покрај фактот дека мандатот на судиите е траен, односно до нивното пензионирање. Па така, произлегува дека владејачката партија се залага за селективна проверка на оние судии или обвинители, кои според нив, сигурно се „на телефонски повик во штабовите на Бихаќка и во Мала Речица“. Таквиот став упатува на селективност и ја доведува во прашање објективноста на постапката на проверка. Во земјата има помалку од 370 активни судии и помалку од 200 обвинители, поради што Владата прво најави, а деновиве и започна постапка во Собранието за зголемување на старосната граница за одење во пензија на 67 години за судиите и обвинителите, па, се чини, проверката не би требало да трае предолго на сите или на неколку десетици од едните и другите по случаен избор или според објективно поставени критериуми однапред. Второ, власта никој и со ништо не ја спречувал и досега да поведе постапка за проверка на имотот, па дури и на селективно таргетирани судии и обвинители. Тоа може самостојно да го направи и МВР, Катастар, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Јавното обвинителство, доколку до него е поднесена соодветна документација и низа други институции, но пред сè и преку ДКСК, доколку е поднесена претставка со сомневање за некој судија или обвинител или пак самата ДКСК по сопствена иницијатива. Повеќето од споменатите институции се во рацете на извршната власт и активностите за проверка на имотот може да се спроведат. Но, тука се доаѓа повторно до покрупни прашања од типот на селективен или целосен ветинг или, пак, до прашањето до каде е поврзувањето на институциите во единствен информатички систем, со што таа проверка би била ем побрза, ем пообјективна. Проблемите на ДКСК
Зашто, откако и после седум-осум години расправа и претходната и сегашната власт се откажаа од целосен процес на ветинг во правосудството, по заслуга и на ЕУ како што наведуваа, проверката на имот на судиите и по некој обвинител остана најмногу на изборот што би ги проверувала Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) во рамки на нивните годишни планови за работа. Но, иако ДКСК тргна со оптимизам во целата работа уште во 2020 година во првиот годишен извештај за работа на тогашниот состав на комисијата(стр.36), каде што според планот требало да се извршат проверки на поднесените анкетни изјави за имотот на сите претседатели на основни и апелациски судови, како и на сите поранешни обвинители од СЈО, се наведува реченицата дека проверките одат тешко, зашто „освен со Централниот регистер на РСМ во чиј дистрибутивен систем ДКСК има непосреден електронски пристап, податоците од останатите институции се прибираат во печатена форма, што го отежнува и забавува процесот на проверка на податоците од поднесените анкетни листови“. Оваа реченица се повторува и во годишниот извештај за работата на ДКСК и во 2021 (стр.34), кога според планот се проверувале 13 судии во основните судови и претседателите на Управниот и Вишиот управен суд, со тоа што сега биле поврзани и со Катастарот освен со Централниот регистар. Тешкотиите поради проверката по пошта се наведуваат и во извештајот за 2022 година, кога бројката на проверувани судии се намалила на 10 судии, но сега има и 10 обвинители (стр.31), и во годишниот извештај за 2023 г. (стр.28), кога според планот се проверувале само 5 судии и 5 обвинители. Патем, на власта (и на ДКСК), преку Законот за спречување на корупција и судир на интереси, (член 25) и е овозможен и преглед на банкарските сметки и на други финансиски институции, ако сака да постапува, а тука е и членот 93 од Законот, кој регулира проверка на имотна состојба на избрано или именувано лице за кое постои сомневање за несразмерност на пријавениот и фактичкиот имот. Во Платформа 1198 е посочена проверка на сите судии Конечно, во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во делот на реформи во правосудството на стр.83, во антрфиле под наслов Проверка на имотот на судиите и нивните семејства се наведува: Ќе спроведеме целосна проверка на имотот на судиите и нивните семејства со цел јасно одделување на чесните од нечесните судии. Доколку не се докаже законитоста на стекнувањето на имотот, покрај другите постапки, за истиот ќе биде пропишано задолжително поведување на постапка за разрешување. Значи и тука се наведува целосна проверка на сите судии и нивните семејства, зашто само така се доаѓа до „цел јасно одделување на чесните од нечесните судии“. Поради горенаведените аргументи посочената изјава/соопштение од ВМРО-ДПМНЕ иако на прв поглед се чини доследна, може да се оцени како недоследна. Оцени: Теофил Блажевски Извор: Новинска агенција МЕТА