Асоцијацијата на европски производители на автомобили соопшти дека во април биле продадени само 5.475 Тесла модели, што претставува пад од 52,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Сè повеќе европејци купуваат помалку возила од компанијата Тесла отколку порано, и покрај растечката побарувачка за електрични автомобили, според една студија, што се совпаѓа со трендот забележан во изминатите месеци, пренесува DW. Асоцијацијата на европски производители на автомобили соопшти дека во април биле продадени само 5.475 Тесла модели, што претставува пад од 52,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Во првите четири месеци од годинава, продажбата на Тесла опаднала за 46,1 отсто во однос на истиот период минатата година.
Ова значи дека во текот на првите четири месеци од оваа година се продадени само 41.677 Тесла модели. Студијата се совпаѓа со податоците од почетокот на месецов кои покажуваат дека продажбата на Тесла во Германија и Велика Британија во април паднала на најниско ниво во последните повеќе од две години. Европејците купуваат сè повеќе кинески автомобили, при што кинескиот производител BYD во април ги надмина Тесла како водечки избор за купувачи на целосно електрични возила во Европа.
Според податоците на фирмата за автомобилска анализа „JATO Dynamics“, во април биле регистрирани 7.231 целосно електрични автомобили од BYD, наспроти 7.165 возила од Tesla. Некои експерти го објаснуваат падот на брендот на електрични возила на Илон Маск во Европа со бавното воведување на најновата верзија на популарниот модел Y, додека други ја посочуваат вклученоста на Маск во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во Германија, луѓето сè уште купуваат електрични автомобили од Mercedes и Volkswagen, додека BYD и други кинески брендови како Nio и Xpeng се попопуларни во Шпанија и Италија. Извор: Новинска агенција МЕТА