Продажбата на автомобили „Тесла“ во Европската унија во април паднала за речиси 53 отсто на годишно ниво, на само 5.475 возила, покажуваат денеска објавените податоци од Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) за регистрација на нови возила.
Ако ги анализираме податоците за поширокиот европски регион, вклучувајќи ги Велика Британија, Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн, продажбата на Tesla паднала за 49 отсто на годишно ниво, на вкупно 7.261 возило, пренесува CNN. Ова е четврти последователен месец во кој Tesla бележи пад на продажбата во Европската унија, откако забележа пад од 50 отсто во јануари, 47 отсто во февруари и 36 отсто во март.