Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Адвокатот Еленко Миланов потврди дека му е одреден нов 30 дневен притвор на истите околности како претходниот.
Миланов најави и жалба на оваа одлука. Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 61 лице, а речиси 200 се повредени.