Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот 30 дена за Небојша Шурлан, Слободан Наумовиќ, Лилјана Милиќ Марковиќ, Марина Гавриловиќ, Дејан Тодоровиќ, Милан Јелкиќ, Зорица Славковиќ Марјановиќ, Душан Јанковиќ, Милан Спремиќ и Јасна Стоилковиќ Милиќ кои беа уапсени по падот на натстрешниците на железничката станица во тој град на 1 ноември минатата година, пишува N1 Србија. Против ова решение странките и бранителите имаат право на жалба. Освен овие десет, во домашен притвор се уште двајца осомничени, а една од нив е поранешната в.д. генерален директор на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ.
За кривичните дела за кои се осомничени е пропишана затворска казна од 2 до 12 години, соопштија претходно од Обвинителството. Во падот на настрешницата загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени. Овој настан беше поттик за студентски и граѓански протести, кои продолжуваат оттогаш.