Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се огласи откако МВР направи неколку успешни акции во кои заплени поголема количина дрога. Тошковски напиша дека „остануваат непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал“. „Во рамки на нашите засилени оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана. Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.
Како институција со јасен мандат за заштита на јавниот ред и мир, остануваме непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал. Нема компромиси со оние што го прекршуваат законот и се обидуваат да профитираат на сметка на безбедноста на нашите граѓани“, напиша Тошковски на социјалните мрежи.