20.8 C
Скопје
09/05/2025 10:26
МАКТЕЛ

     

Продолжува неизвесноста за рудниците во Струмичко: Ќе се отворат или ќе платиме стотици милиони долари отштета?!

      

Шансите на „Еуромакс ресоурсес“ за отварање на рудникот се намалија, но се зголемија можностите, инвеститорот да заработи милиони евра од потенцијална арбитражна постапка. Во моментов, случајот е во Виш управен суд, каде што се очекува одлука по жалбата од страна на концесионерот. Во два наврати, Министерството за економија, по барање на инвеститорот, предложило до владата на Зоран Заев да се спојат двете концесии, и тоа во 2018 и во 2019 година, но по предлогот за спојување, немало одлуки. Токму тоа, велат од Министерството за економија, е причина што Управниот суд во 2023 година донел пресуда со која ја поништи владината одлука за раскинување на договорот за концесија…Пишува: Орце КОСТОВ

На 31 декември 2024 година заврши рокот што канадската рударска компанија „Еуромакс ресоурсес“ ѝ го постави на владата да ја промени одлуката со која го прекина спојувањето на концесиите за рудникот Иловица-Штука, за да не заврши случајот пред меѓународен Арбитражен суд. Компанијата „Еуромакс ресоурсес“, во април 2024 година, на неколку дена пред претседателските и парламентарни избори се закани со последна опомена, дека доколку до крајот на 2024 година не се решат проблемите околу рудникот за бакар „Иловица-Штука“, тие ќе одат пред Арбитражен суд. Ја повикаа тогашната влада и надлежните министерства да соработуваат со нив затоа што се сигурни дека ќе добијат на суд и дека државата ќе мора да им исплати голема сума за отштета од буџетот. Тогашните проценки од адвокатскиот тим на „Еуромакс ресоурсес“ беа дека доколку случајот заврши на арбитража, Македонија ќе плати отштета од неколку стотици милиони долари.

   

„За да не бидеме погрешно протолкувани, сакаме да бидеме јасни и прецизни. Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одолжуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже „не“ за нов и модерен рудник за бакар, има правен епилог, кој нема да биде поволен за државата, а, за жал, и за нејзините граѓани. Меѓународната арбитража не е одлука што ја носиме лесно“, изјави тогаш Тимоти Морган Вин, главен извршен директор на „Еуромакс ресоурсес“. Владата во јуни 2023 година донесе одлука со која се спојуваат концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот „Иловица-Штука“ и одлуката ја објави во Службен весник, а по неколку недели, на следна владина седница ја поништи одлуката без образложение.

„Македонија ќе го изгуби овој спор и луѓето во оваа земја ќе мора да изгубат значителен износ на средства“, изјави Габриел Лански, правен застапник на „Еуромакс“. Тие истакнаа дека досега во проектот се вложени многу пари и повика државните институции да го почитуваат владеењето на правото.

ПРИОРИТЕТ НИ Е ЕКСПЛОАТАЦИЈА, А НЕ АРБИТРАЖА

Од 1 јануари досега, „Еуромакс ресоурсес“ нема преземано никакви правни дејствија за почнување меѓународна арбитража затоа што компанијата чека да се исцрпат сите институционални и правни механизми во државата. Од компанијата, за „Фокус“, велат дека на менаџментот и понатаму му е највисок приоритет отворање на рударскиот комплекс за бакар Иловица-Штука.

„Дозволете ни и во оваа пригода да потврдиме дека и понатаму наш највисок приоритет е активна реализација на мегапроектот за инвестиција, изградба и оперативно функционирање на рударскиот комплекс за бакар Иловица-Штука. Бордот директори и извршниот менаџмент на „Еуромакс ресорсис“ останува целосно посветен на конструктивна соработка со надлежните државни институции, со локалните општински управи и населението во струмичкиот и подогражденскиот регион, невладиниот и граѓанскиот сектор, како и со сите други релевантни чинители, со цел да придонесеме за позитивно решавање на сите отворени прашања, кои се значајни за инволвираните страни. Во врска со ставовите изнесени на нашата последна прес-конференција, сакаме да ве информираме дека „Еуромакс ресорсис“ сѐ уште нема намера да преземе никакви правни дејствија за почнување меѓународна арбитража, сѐ додека не се исцрпат целосно сите институционални и правни механизми во државата. Земајќи ја предвид комплексноста и сензитивноста на овие прашања, наш корпоративен став е во овој период да се воздржиме од јавни коментари, кои би можеле индиректно да влијаат врз правната постапка што се води во Македонија пред надлежниот Управен суд“, објаснија од „Еуромакс ресоурсес“ за „Фокус“.

СЕ ЧЕКА ОДЛУКА НА ВИШ УПРАВЕН СУД

Во рок од само 30 дена, владата предводена од Димитар Ковачевски донесе две различни одлуки: на 27 јуни беа споени концесиите за ископ на бакар и злато, а на 26 јули, под притисок на јавноста, беше поништена одлуката за спојување. Шансите на „Еуромакс ресоурсес“ за отварање на рудникот се намалија, но се зголемија можностите, инвеститорот да заработи милиони евра од потенцијална арбитражна постапка. Во моментов, случајот е во Виш управен суд, каде што се очекува одлука по жалбата од страна на концесионерот „Еуромакс ресоурсес“. Канадскиот концесионер ја обжали одлуката на владата за престанок на важење на одлуката за спојување на концесиите, но тужбата беше одбиена како неоснована.

„Согласно добиените информации од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Ве информираме дека против Одлуката за престанок на важење на Одлуката за спојување од страна на концесионерот „Еуромакс ресоурсес ДОО Скопје“ изјавена е тужба до Управниот суд за кој е донесена Пресуда У-6 бр.547/2023 од 7.3.2024 година, каде што тужбата на тужителот „Еуромакс ресоурсес ДОО Скопје“, се одбива како неоснована, за која е вложена жалба до Виш управен суд“, информираат од владата за „Фокус“. На прашањата што ќе направи сегашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да се избегне ситуација граѓаните повторно да плаќаат нечии грешки и дали „Еуромакс ресоурсес“ ќе добие концесија за ископување, од владата одговорија само дека сегашната состојба е резултат на политиките на претходната влада и дека се бараат решенија што нема да бидат на штета на буџетот, но сѐ уште не се пронајдени.

„Ваквите состојби се резултат на неконзистентните политики на претходната влада, ова е само еден од примерите како се работело и како државата се соочува со предмети што се пред надлежните судови, затоа што, наместо интересот на државата, приоритет имале личните интереси.

Како влада, ние сме подготвени на сите проекти да пристапиме со сериозност, со наоѓање најдобри решенија, кои нема да бидат на штета и товар на буџетот на граѓаните. За конкретниот случај, за сите идни преземени дејствија, јавноста ќе биде навремено информирана“, посочија од владата.

„СПОЈУВАЊЕТО БЕШЕ ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ“

Министерот за економија, Крешник Бектеши, еден ден по владината седница на која се поништи одлуката за спојување на концесиите со која компанијата ќе се најдеше на чекор до отворање на рударскиот комплекс во Општина Босилово ги презентираше сите управно-судски постапки поврзани со рудниците во југоистокот на Македонија откако дел од министрите побараа да се ревидира одлуката за спојување на концесиите зашто Министерството за економија не им доставило доволно информации.

„Тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука“, појаснува министерот Бектеши. Според него, владата донела политичка одлука. Ставот на Министерството за економија е дека е важно да се донесе некаква одлука, наместо да нема никаква одлука, со цел да се избегне потенцијална арбитражна постапка. Тој не доби поддршка од тогашните министри на СДСМ, кои тврдеа дека на седницата во јуни биле изненадени од предлогот за спојување на концесиите и дел од нив велеа дека рудник нема да има. Тогашната министерка за животна средина, Каја Шукова го поддржа спојувањето како надлежна институција, а потоа замина на протест против рудниците. За Бектеши, спојувањето на две концесии за експлоатација на бакар и злато од компанијата „Еуромакс ресоурсес ДОО Скопје“, за рудникот Иловица било само почитување на законот и насоките дадени од Управниот суд.

„Уште стопати да се повтори оваа ситуација, уште стопати би одлучиле идентично“, дециден беше тогаш Бектеши. Тој, пред новинарите, го презентираше целиот процес за добивање две концесии за Иловица. За првата, постапката почнала во 2005 година, а завршила со потпис на концесија од тогашниот министер Зоран Ставревски во 2012 година. Но, откако фирмата во 2016 година побарала дозвола за експлоатација што е финален чекор, Министерството за економија, во 2019 година, во време на Бектеши како министер, ја одбиле фирмата со образложение дека документацијата е некомплетна.

Иницијативата за втората концесија била отпочната во 2009 година и ги поминала, исто така, сите фази и позитивни мислења од Министерството за животна средина, за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за култура, Министерството за земјоделство, општините Босилово и Ново Село и одлуката за давање концесија била потпишана од тогашниот премиер Никола Груевски во 2015 година.

Кога повторно во Министерството за економија било побарана дозвола за експлоатација во 2019 година, било донесено решение дека документацијата е некомплетна. Во меѓувреме, во два наврати, „Еуромакс ресоурсес“ побара да се спојат двете концесии, и тоа во 2018 и во 2019 година, но по предлогот за спојување немало одлуки. Управниот суд во 2023 година носи одлука дека Министерството за економија мора да одлучи по барањето за спојување на двете концесии. Итноста на точката за спојување на концесиите, според Бектеши, беше поради други предмети што се наоѓаат пред меѓународна арбитража, но тогаш не откри детали. Неговиот тогашен шеф во владата, Димитар Ковачевски повтори пред медиумите дека, ако граѓаните не сакаат, рудник нема да има.

ТРГОВИЈА СО ВЛИЈАНИЕ НА ДУИ

Професори од Правниот факултет за Радио Слободна Европа тврдеа дека одлуката на владата може да се поништи. Бектеши, пак, решението го гледаше во давањето нова концесија по која по законот следуваат нови четири години рок за да се добие дозвола за експлоатација. За неформалната иницијатива „Здрава котлина“, која се противи на отворање на рудникот Иловица-Штука, ваквиот расплет на настаните беше поврзан со тетовската интернационална компанија „Еколог“ и семејството Дестани. Активистите од иницијативата претходно објавија дека 25 отсто од компанијата „Еуромакс ресоурсес“ се продадени на компанија преку холандскиот холдинг „НД Груп “, во кој сопственост има македонскиот бизнисмен Назиф Дестани. Според активистите, сигналите за промена на статусот на Иловица-Штука лежат во политичка и судска трговија со влијание.

„Никој нормален бизнисмен нема да си дозволи да инвестира милиони евра за 25 насто во удели во фирма што е веќе задолжена 40 милиони долари и истовремено има изгубено концесија. Таква бизнис-логика е невозможна. Фактот што некој вложил во тоа, односно знаел или имал сознанија дека може да влијае врз процесот бидејќи станува збор за фирма што е блиска со ДУИ, остава големи сомнежи дека се случува трговија со влијание. Различната одлука на судот покажува дека постои спрега меѓу судството, политиката и бизнисот. Особено фактот што судот низ 12 пресуди имаше исти факти. Со новиот влез во „Еуромакс ресоурсес“ и добиваме различна пресуда“, вели Ѓорѓи Танушев, активист и советник во Општина Струмица.

За „Здрава котлина“, доказ за вмешаност на владејачката ДУИ се и документите од кои се гледа дека еден од судиите што носи одлуки за Иловица-Штука во Вишиот управен суд е и Субхи Јакупи. Тој, исто така, е поранешен член на Државната изборна комисија и заменик-министер за правда од ДУИ. Министерот рече дека ги познава Дестани, но дека нема никаква поврзаност со нив или, пак, со неговата матична партија ДУИ. Пред донесените одлуки на Управниот и Вишиот управен суд, со купувањето акции во „Еуромакс ресоурсес“ на 3 февруари 2023 година дојде и до промена во раководната структура во компанијата, со што лицето Али Везваи станува член на Управниот одбор на „Еуромакс ресоурсес“.

Името на Али Везваи се поврзува со повеќе компании, кои водат до Назиф Дестани, основач на компанијата „Еколог“. Везваи има функција и во бордот директори на интернационалната „Еколог“ и е претседател на бордот директори на „Е.ГО.МОБИЛЕ“, која преку компанијата „НЕКСТ Е.ГО“ требаше да произведува електрични автомобили во Тетово, но влезе во стечај. Инвестицијата што владата одлучи да ја поддржи со субвенции од 130 милиони евра по стартот на производството, пропадна по само една година.

КЛУЧНА ГРЕШКА ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ

Инвеститорот за првата концесија, за која Управниот суд пресуди дека била незаконски раскината од страна на владата, ќе треба да почне нова постапка за добивање дозвола за ископ. Барање за дозвола за експлоатација за првата концесија „Еуромакс ресоурсес“ го поднеле во јули 2016 година. Министерството за економија, во 2019 година ја одбиле фирмата со образложение дека документацијата е некомплетна. Врз основа на ова решение, владата предводена од поранешниот премиер Зоран Заев еднострано го раскина договорот за концесија на „Еуромакс ресоурсес“.

Втората концесија, за која процедурата за добивање дозвола за експлоатација е сѐ уште во тек, владата може да ја раскине поради надминување на законските рокови. Постапката за добивање дозвола за експлоатацијата за втората концесија на „Еуромакс ресоурсес“ е почната во 2019 година. За оваа, Министерството за економија сѐ уште нема донесено конечна одлука дали ќе даде дозвола или ќе ја одбие компанијата затоа што документацијата била некомплетна. Управниот суд, по тригодишен судски спор меѓу „Еуромакс ресоурсес“ и владата, носи пресуда со која ја поништува одлуката за раскинување на договорот за концесија од 2019 година, што претставува значително отстапување од претходните две одлуки на судот во кои ги отфрли тужбите на компанијата.

Во меѓувреме, во два наврати, Министерството за економија, по барање на инвеститорот, предложило до владата на Зоран Заев да се спојат двете концесии, и тоа во 2018 и во 2019 година, но по предлогот за спојување немало одлуки. Токму тоа, велат од Министерството за економија, е причина што, Управниот суд во 2023 година донел пресуда со која ја поништи владината одлука за раскинување на договорот за концесија. Министерот за економија, Бектеши сметаше дека најдобриот начин да се спречи отворањето рудници во Струмичко е да се спојат концесиите, но во текот на постапката за добивање дозвола за ископ да се донесе владин акт со кој ќе се докаже дека тие ја уништуваат животната средина.

„Моментално не постои никаков акт дека има негативно мислење за рудниците. Кога ќе се усвои таков акт, ние веднаш ќе донесеме предлог- одлука за раскинување на договорот со инвеститорот“, појаснува Бектеши, со што ја префрла топката во рацете на Министерството за животна средина.

ЦИЈАНИД ИЛИ СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА

Битката на екологистите, во декември 2019 година личеше на добиена откако владата соопшти дека е донесена одлука за раскинување на договорот за концесија. Образложението за ваквиот потег беше тоа што инвеститорот, во предвидениот рок не поднел барање со комплетна документација за добивање дозвола за експлоатација на минерални суровини, односно четири години по склучувањето на договорот. Власта на тогашниот премиер Зоран Заев, тоа го прикажа како голем успех и потврда дека се грижи за здравјето на граѓаните, а ден подоцна се пофалија и од струмичкиот огранок на СДСМ.

Активистите од невладините организации сметаат дека рудникот Иловица-Штука ќе биде еколошка бомба, која може да нанесе непроценлива штета на целиот регион. Според нив, ако се реализира проектот, инвеститорот ќе заработи милиони евра, а на жителите ќе им остане хидројаловиште, каде што ќе се депонира рударскиот отпад по извршената флотација за одделување на бакарот и златото. Тие се решени да стопираат отворање на рудникот по секоја цена. „Еуромакс ресоурсес“, кон крајот на 2023 година испрати писмо до министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во кое тврдеше дека нема да користи цијанид во процесот на одвојување на рудата и дека планира „суво јаловиштe“ и нов водоводен систем за локалното население.

Во писмото, потпишано од највисоките членови на раководниот тим на „Еуромакс ресоурсес“, Тимоти Морган Вин, претседател на одборот директори и главен извршен директор, и Николас Треанд, извршен директор, компанијата нагласува дека во процесот на експлоатација на минералните суровини во рудникот нема да се користи цијанид, ниту каква било цијанидна супстанција. Компанијата се заложува да инвестира во најсовремени технологии, кои овозможуваат управување со отпадот според методологијата за „суво јаловиште“, односно јаловината би била со слична текстура на обичната почва, како и плановите за инвестирање во нов водоводен систем за локалните села и населението.

„Во ова писмо ја нагласуваме нашата заложба дека во процесот на експлоатација нема да има употреба на цијанид. Повторувам, нема да има употреба на цијанидна супстанција во која било форма. Што се однесува до загриженоста за управувањето со јаловина, веќе имаме исклучително безбеден дизајн за управување со јаловина. Сепак, со оглед на неодамнешните важни технолошки подобрувања, ќе нарачаме студија за спроведување капацитет за управување со „сува јаловина“. Доколку е остварливо, тоа значи уште едно постепено подобрување на безбедноста, дополнително намалување на ризикот од дефекти на браната, загадување на околните води или оштетување на околниот биодиверзитет и елиминирање на потенцијалното прелевање на јаловината.

Во секој случај, нема да има брана со висок ѕид што ќе задржува огромно количество [загадена] вода. За да обезбедиме безбедно и стабилно водоснабдување за домаќинствата, ние се обврзуваме да инвестираме во нов водоводен систем за локалните жители да имаат чиста вода; и се обврзуваме да изградиме цевковод од акумулацијата Турија до Иловица, обезбедувајќи сигурно снабдување со вода за жителите да не останат без вода во текот на топлите лета“, истакна Тимоти Морган-Вин, претседател на одборот директори и главен извршен директор на „Еуромакс ресоурсес лтд“.

Нашата примарна цел е да ги ублажиме стравувањата околу спроведувањето на нашиот проект, истакна Николас Треанд, извршен директор на „Еуромакс ресоурсес лтд“, изразувајќи уверување дека планот за отворање на рудникот, не само што ќе придонесе позитивно за економскиот раст, туку и ќе се усогласат со целите на еколошките активисти, кои се залагаат за транзиција кон зелена енергија. Според сегашниот проект, рудникот Иловица-Штука ќе произведува 24.000 тони бакар годишно. Реализацијата на планот за изградба на рударскиот комплекс Иловица-Штука е инвестиција во износ од 340 милиони евра, која, според компанијата, ќе генерира приближно 1.000 директни работни места во фазата на изградба и 500 директни работни места за време на работата на рудникот. Проекциите сугерираат годишен прилив од околу 74 милиони евра само за локалните претпријатија од струмичкиот регион.

БИЗНИС-ЗДЕЛКА НА СДСМ ИЛИ НА ВМРО?

Жестока политичка битка се разви околу рудниците Иловица-Штука, во која двете големи партии се обвинуваа меѓусебно со цел да освојат што повеќе дневни политички поени. Актуелниот премиер Христијан Мицкоски, од позиција на лидер на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека рудниците Иловица-Штука биле бизнис-зделка на ДУИ и СДСМ, а СДСМ го потсети дека токму владата на Никола Груевски во 2012 и во 2013 година ги издала првите концесии.

„Безобразие е Мицкоски од криминалната ДПМНЕ, која го создаде проблемот, да зборува за Иловица. Проблемот со Иловица го создаде токму неговата ДПМНЕ, неговиот Никола Груевски на кого му беше советник. Ставот на СДСМ за Иловица е ист како ставот на граѓаните од овој регион и не е променет, ќе се преиспитаат одлуките и нема да се дозволи загрозување на животната средина и постапки против волјата на народот“, истакнаа од СДСМ. Мицкоски реплицираше дека е крајно лицемерно што министер од владата, алудирајќи на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која ја донесе одлуката за рудниците, најави дека ќе присуствува на протестот против рудникот во Иловица. За поранешниот премиер Димитар Ковачевски, виновник за ситуацијата во која се најде државата во однос на рудниците е ВМРО-ДПМНЕ, кое во 2016 година ги даде концесиите на странскиот инвеститор за нивно отворање.

„Тие рудници се во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за 2016 година и тогашните градоначалници на Ново Село и Босилево од ВМРО-ДПМНЕ носат одлука за доделување на концесиите. Кога ќе го видам денес Мицкоски да зборува против отворање на рудниците, треба да каже кој беше шеф на кампањата во четвртата изборна единица во 2016 година и кој ја напиша таа програма. Тоа е лицемерие“, рече Ковачевски.

Текстот е објавен на 20 февруари 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.533.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....