Трагично заврши потрагата по велешкиот планинар Стојче Пецевски, кој исчезна на ридот ГРООТ, во близина на Велес. Надлежните институции потврдија дека Пецевски е пронајден починат. Информацијата ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој изјави дека моментно нема детали за причините за смртта.
– За жал лицето е пронајдено починато. Немаме информации за причините на смртта. Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели. Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР – рече Ангелов.