4.8 C
Скопје
06/04/2025 09:56
МАКТЕЛ

    

Пропадна ли политичката инвестиција на Македонија во САД?

      

Падна во вода владиниот наратив дека Северна Македонија ќе има ексклузивитет во Белата Куќа. Даночните стапки потсетија дека во политиката нема пријателство туку само интереси. Соња Кеамарска. Северна Македонија сѐ уште го анализира економското значење на новите царини на САД, но за нас е исто така важно и политичкото значење на овој чекор на Белата Куќа, во услови кога нашата надворешна политика речиси сите карти ги фрли на партнерството и сојузништвото со новата администрација предводена од Доналд Трамп.

Меѓутоа економските промени што ги испорача Вашингтон на глобален план, а кои ја погодија и нашата земја покажаа дека Македонија, иако се надеваше, нема да биде „во периметарот“ на старо – новиот американски претседател Доналд Трамп. Падна во вода наративот дека Македонија ќе има некаков ексклузивитет во Белата Куќа. На удар на новите реципрочни даночни тарифи на САД се најде и Македонија, за која ќе се применува царина од 33 отсто. Нашата земја, поточно владата, попусто ги истакнуваше личните конекции со Хауард Лутник. „Добро е што како влада имаме пријатели во најмоќната економија во светот а тоа е американската економија, го имаме првиот човек кој ја води најмоќната економија во светот со повеќе од 28, 29 трилиони бруто-домашен производ и убеден сум дека тоа може да донесе само позитивни вести за македонските претприемачи, но и за македонските граѓани”, изјави премиерот Христијан Мицкоски по веста дека Лутник кој претходно ја имаше посетено нашата земја е назначен за секретар за трговија на САД. Попусто личните конекции со „Господинот Царини“ : државниот секретар на САД за трговија, Хауард ЛутникПопусто личните конекции со „Господинот Царини“ : државниот секретар на САД за трговија, Хауард Лутник

   


Попусто личните конекции со „Господинот Царини“ : државниот секретар на САД за трговија, Хауард ЛутникФотографија: Jose Luis Magana/AP Photo/picture alliance. Денес, пак, Мицкоски вели дека новите даночни стапки биле очекувани и дека тој за нив имал информации од поодамна. „Тоа беше јасно веднаш после инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп и тој тоа го кажа“, рече тој.

Владата знаела но не презела ништо

Но прашањето кое се наметнува е зошто, ако владата знаела за планот на Трамп, не презела нешто за нашата економија подготвено да го дочека ударот? На пример, да ја намали стапката на оданочување на Македонија кон САД која изнесува 65 отсто за увоз на американски производи. Мицкоски во интервју за Алфа тв рече дека треба овдешната јавност да почека еден месец и дека ќе има изненадување. Во поддршка на тој став рече дека му предложил на Хауард Лутник, Скопје и Вашингтон да потпишат договор за слободна трговија. Посочи дека за тоа станало збор и на неодамнешната средба на шефот на дипломатијата Муцунски со американски претставници. „Од сите страни ова е поздравено како одлична идеја”, рече Мицкоски. Владата се обидува да го минимизира потегот на САД односно можните реперкусии врз земјава. Велат дека со одлуката за реципрочните даночни стапки не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД. Точно е дека не е одмината ниту една земја, но Македонија помина најлошо во кругот на сиромашните земји во регионот. Косово, Албанија и Црна Гора добија царини само од 10 отсто. Само Србија и БиХ имаат нешто повисоки царини од нашата земја.

Прашањето кое се наметнува е зошто владата, ако знаела за планот на Трамп, не презела нешто за македонската економија подготвено да го дочека ударот?
Прашањето кое се наметнува е зошто владата, ако знаела за планот на Трамп, не презела нешто за македонската економија подготвено да го дочека ударот?Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во владиното соопштение и во оваа прилика не изостана редовниот репертоар дека „оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на владата да ја напаѓаат неосновано и да нанесуваат штета врз нашиот углед”. Меѓутоа нема место за малициозност туку треба да се учи на грешките.

Лажните надежи имаат цена

Професорот Трајко Славески, поранешен министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата мора веднаш да направи кост-бенефит анализа бидејќи САД оставија простор ако земјите реагираат, да се намалат царините. „Она што ни се забележува дека е трговска бариера во нашиот увоз од САД да го намалиме и со тоа да им удоволиме и тие веднаш да реагираат на царините. Мислам дека тоа е можно”, потенцира Славески. Неговиот колега поранешниот министер за финансии Кирил Миноски вели новите царини негативно ќе влијаат на економската активност на земјава, а како најпогодени ќе бидат компаниите од автомобилската индустрија. „Ќе има негативен ефект и врз БДП, врз она што се случува во слободните економски зони со оглед на тоа што најголем дел од компанииите кои што работат таму се во сегментот на автомобилската индфустрија“, предупредува тој.  Фабриката „Ван Хол“ со 430 вработени може да биде меѓу најзасегнатите.

Премиерот Мицкоски сметаше дека ако владата застане зад новата администрација на Трамп тоа ќе донесе погодности за Македонија
Премиерот Мицкоски сметаше дека ако владата застане зад новата администрација на Трамп тоа ќе донесе погодности за МакедонијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Економските последици врз сиромашна земја како нашата во секој случај не треба да се потценат било тие да се директни или како што се прогнозира, индиректни. Но и политичките аспекти исто така не се занемарување. Привидното спокојство на властите не може да го покрие фактот дека платија цена за лажните надежи и оттука, поуката што треба да се прифати е дека надворешната политика треба да се базира на реалност а не на имагинација. Премиерот сметаше дека ако владата застане зад новата администрација на Трамп тоа ќе донесе погодности за Македонија. Заблуда беше и дека американската надворешна политика се води според правилото „прв дојден прв услужен”, кога премиерот Мицкоски даваше изјави дека сме требале први треба да го заземеме просторот и да бидеме во периметарот на новата американска политика. Третата заблуда е дека Македонија ќе ги премости проблемите што ги има со соседите со вмешување на големите сили во наша корист. И во тоа е тешко да се поверува.

  

Најново

Кина ги покани САД консултации за царините

Sase Ivanovski

Ахмети ги отфрла шпекулациите за соработка со Таравари: ДУИ не се користи како „резервна гума“

Sase Ivanovski

Трамповата утопија за Америка не постои

Sase Ivanovski

(Видео) Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Лишено лице од слобода, по друго се трага, во врска со пукањето објавено на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Шпанската полиција во соработка со Интерпол разбила меѓународна мрежа на криумчарење на кокаин

Sase Ivanovski

Младо момче итно пренесено во болница по повреда во фабрика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите го нападнаа Киев, избувнаа пожари

Sase Ivanovski

Шпанската полиција заплени тон кокаин во Валенсија, 20 лица се уапсени

Sase Ivanovski

Нестабилни и врнежливи периоди оваа пролет, можност за излевање на реки и свлечишта

Sase Ivanovski

Аналитичари: Поскап „Ајфон“ наскоро поради царините на Трамп?

Sase Ivanovski

Полска ги активираше своите и сојузничките авиони по руските напади во западна Украина

Sase Ivanovski

Во овие градови низ Македонија ќе се отворат Лидл маркети

Sase Ivanovski

Соседите ќе слават Велигден со македонско јагнешко месо, за нас глави од 80 до 100 денари

Sase Ivanovski

Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск

Sase Ivanovski

Светот никогаш немал повеќе милијардери од сега

Sase Ivanovski

ТВ 21: Собрание на АА на Таравари денес ќе одлучи дали ќе ја напуштат Вреди на локалните и ќе трча сам?

Sase Ivanovski

ЦУК: Дрвја што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвивa непречено по наместа влажни коловози

Sase Ivanovski

Само 20.000 евра за нов автомобил- повеќето купувачи не го надминуваат буџетот

Sase Ivanovski

Филипче единствен кандидат, СДСМ избира претседател

Sase Ivanovski

ЌЕ ВИДИМЕ СНЕГ И ВО АПРИЛ Ниски температури и многу силен ветер

Sase Ivanovski

Демонстранти против Трамп се собираат во Вашингтон и во други американски градови

Sase Ivanovski

ТВ 21-Во ВЛЕН се анализира колку брзо можат да го тргнат Таравари од коалицијата, па ќе му предложат на Мицкоски да го отстрани и од Владата?

Sase Ivanovski

Коегзистенција или неегзистенција

Sase Ivanovski

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Sase Ivanovski

Евакуиран канадскиот парламент: Полицијата соопшти дека акцијата е во тек, и препорача избегнување на областа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Барселона не го искористи киксот на Реал, ремизираше со Бетис

Sase Ivanovski

24 анализа – „Денот на слободата“ на Трамп, дали некоја земја ќе биде поштедена од царини?

Sase Ivanovski

Тендер „Базени“: АМС противзаконски дала амин 61% од работите да одат кај подизведувач

Sase Ivanovski

Левица- ТОШКОВСКИ ЈА ШТИТИ ФАМИЛИЈАТА САЛИУ КОЈА РАКОВОДИ СО ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Sase Ivanovski

Aхмети- Немам договор со Таравари а на Влен им порачав да не бидат вазали на Мицковски. Средба на Ахмети, Таравари и тројката од Влен во Скопје со председателот на Албанија

Sase Ivanovski

„Геноцид“ на младината во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хамас: Нема да ги евакуираме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Sase Ivanovski

Француските синдикати и невладини организации ќе ја поддржат Марин Ле Пен на митинг на 12 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинезите објавија видео во кое му се потсмеваат на Трамп за воведените царини

Sase Ivanovski

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Sase Ivanovski

Четири земји ги избегнаа новите американски царини

Sase Ivanovski

Најголемиот скандал со протекување информации од Белата куќа откри и една страшна вистина

Sase Ivanovski

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација бараат Давкова да не ги потпише измените во образованието

Sase Ivanovski

Неосновано припишан сатанизам на советник на Општина Кочани и можен в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

Македонија и Тајван го продолжија безвизниот режим за уште пет години

Sase Ivanovski

Дисциплинска постапка за полицајците што не даваа да се крене непрописно паркирано порше во Дебар Маало

Sase Ivanovski

Не може да се тврди дека одлуката на САД за новите царини само малку ќе се одразела врз економијата

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Ана Каранфилова-Мазневска: Со правилна селекција, количината отпад може да се намали повеќе од 60 отсто

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ и уште еден протест денеска во Кочани

Sase Ivanovski

АЕИ: Формулата за царини на претседателот Трамп нема економска логика – и се базира на грешка

Sase Ivanovski

Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонија ја покажува својата лојалност, но не секогаш го добива очекуваното

Sase Ivanovski

МВР апелира граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, туку да ги пријават

Sase Ivanovski

Пресудите за Ле Пен и Георгеску се суверени одлуки на францускиот и романскиот суд

Sase Ivanovski

Пијан возач со украдено возило искршил рампи на наплатна станица кај Неготино

Sase Ivanovski

Демонстрации ширум САД против политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Нема промени во здравствената состојба на сите повредени од Кочани

Sase Ivanovski

Таравари сака да биде главен во ВЛЕН или прави терен за вртење кон ДУИ?

Sase Ivanovski

Српско семејство за прв пат позира пред камера во Крагуевац, 1896 година. Ја донеле дури и својата сакана крава, сметајќи дека е дел од семејството

Sase Ivanovski

Ралповски: Нема основа за протести, Владата ги исполни барањата и условите за работниците се подобрени

Sase Ivanovski

МНР: Се преземаат сите активности за организација на транспортот на телото на починатиот Карадакоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИВА Е ПАЛАНКА, КОЈ Е КРИВ ЗА ЦИЈАНИДОТ?-Митовски,Гиновска,Стојановска,Ристовски-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Скопјанец бил рекетиран во парк во Гази Баба

Sase Ivanovski

Малолетници физички нападнале 45-годишен скопјанец

Sase Ivanovski

Зеленски: Нападот врз мојот роден град покажува дека Русија не сака мир

Sase Ivanovski

Ирскиот пасош најмоќен во светот за 2025, Македонија на 81 место

Sase Ivanovski

Време е да запре селективната правда: Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините излегоа на протест во Кочани

Sase Ivanovski

Измамници ги контактираат жртвите преку мобилен телефон со скриен број, граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки

Sase Ivanovski

Мајла Чусто, по потекло од Босна и Херцеговина, беше назначена за потпретседател на SpaceX – една од најиновативните вселенски компании во светот.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Голема корупциска афера во Украина: Милиони евра исчезнаа преку набавка на храна за војската, а на крајот купија и хотел во Хрватска!

Sase Ivanovski

Во акциска контрола МВР влезе во објекти во Тетово, пронајдени дрога и ножеви

Sase Ivanovski

Бешлиовска: Имаме 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15.000

Sase Ivanovski

Повредено 26-годишно момче додека работело во фабрика во Виница

Sase Ivanovski

Шкендија казнета за нечовечкото скандирање во Тетово, пет натпревари без публика

Sase Ivanovski

УХМР за вечерва предупредува на можна појава на брз пораст на водостоите поради интензивен дожд

Sase Ivanovski

Mалолетник силувал неколкупати петгодишно девојче во Гостивар, обвинителството побара притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директорката на Клиниката за пластична хирургија се заблагодари на сите доктори од странство кои помогнаа за пациентите по пожарот “Пулс” во Кочани.

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије.

Sase Ivanovski

„Издржете се, нема да биде лесно“: Трамп пркоси на царините

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода го добива еден од најголемите и најсовремени фитнес центри во Македонија!

Sase Ivanovski

Американците почнаа да наплаќаат тарифи од 10% во 00:01 по источно време

Sase Ivanovski

Изречени 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ОБИКОЛНИЦАТА БЛИЗУ ВОЛКОВО: АВТОМОБИЛ ПРЕВРТЕН, ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН

Sase Ivanovski
Вчитувам....