25.8 C
Скопје
18/04/2025 14:17
МАКТЕЛ

    

Пророштвото на Џорџ Кенан

      

Денко Малески

Џорџ Кенан, американски амбасадор во Москва, се вклучува во дебатата за идните односи помеѓу Америка и СССР после Втората светска војна. Во анонимен текст потпишан како „X“, објавен во „Форен Аферс“, го изложува своето мислење дека Америка не треба да го искористи фактот дека има монопол над нуклеарното оружје за да го нападне Советскиот Сојуз, туку треба да се определи за „стратегијата на ограничување“ („containment strategy“ ) со цел да го спречи ширењето на комунизмот. Неговата, исправна стратегија која одбегна војна, доведе до победа на Америка четри децении подоцна под претседателство на Роналд Реган. Какви треба да бидат новите односи помеѓу Америка и Русија после падот на Берлинскиот зид? Во средиштето на оваа дилема беше дали треба НАТО да се шири во Источна Европа или да се размислува за нова безбедносна архитектура на европскиот континент заедно со Русија. Надвладеа логиката на силата, па америкаската моќ го исполни безбедносниот вакуум создаден по повлекувањето на руските војски. Набргу, американскиот сенат даде одобрување за оваа политика на ширење на американската моќ во Источна Европа, до границите на Русија.

   

Што мисли брилијантниот државник Џорџ Кенан за овој потег на американската надворешна политика? Со бистар ум на 94, Кенан, во 1998, му дава интервју на Том Фридман од „Њујорк Тајмс“ во кој кажува пророчки мисли.„Мислам дека ова е почеток на нова студена војна.Мислам дека Русите постепено ќе реагираат непријателски и дека тоа ќе влијае врз нивните политики.Мислам дека ова е трагична грешка. Немаше баш никаква причина за ова.Никој не загрозуваше никого. Заради оваа експанзија татковците-основачи на Републиката ќе се превртуваат во нивните гробови. Ставивме потпис да штитиме цела група држави иако ги немаме ниту ресурсите ниту намерата да го сториме тоа на било каков сериозен начин. (Експанзијата на НАТО) е само прелесна одлука на Сенат кој нема вистински интерес за надворешни работи. Она што ме вознемирува е колку површна и слабо информирана беше дебатата во Сенатот. Особено ме вознемири именувањето на Русија како земја која умира од желба да ја нападне Западна Европа. Зарем луѓето не разбираат? Нашите разлики во времето на Студената војна беа со советскиот комунистички режим. А сега им го вртиме грбот на луѓето кои ја изведоа најголемата бескрвна револуција во историјата, за да се ослободат од советскиот режим. Руската демократија е исто толку напредната колку што е и онаа на државите за кои потпишавме дека ќе ги браниме од Русија. Сето ова покажува толку малку познавање на руска историја и на советска историја. Се разбираа дека ќе има лоша реакција од Русија, а потоа, (проширувачите на НАТО ), ќе речат ви кажавме какви се Русите – но сето ова е погрешно“.

Се се случи токму како што предвиде Џорџ Кенан во односите помеѓу Америка и Русија. А, сепак, на американската ера во меѓународната политика, ние малите држави на Источна Европа, ќе се сеќаваме со носталгија. Беа тоа добри времиња за нас. Мирот и просперитетот на Македонија,на Балканот, како впрочем и на земјите на ЕУ, беше гарантиран од, кон нас, бенигното чудовиште преку Атлантикот. Со исукана сабја во светот на Хобс, Америка победи во Студената војна, додека европските држави, под нејзиниот безбедносен чадор, Во, живеејќи во светот на Кант, ја унапредуваа својата благосостојба и демократија. Да, сите нис живеевме во мир, кој беше „хегемонски мир“, во свет во кој единствената голема сила беше Америка. Цената на тој мир за нас и останатите европски и балкански „вазали“, беше поддршка и за глобална доминација на САД. Тука е нашата грешка? Не би рекол. Како ехо на зборовите на Кенан, Џефри Сакс на своето предавање во европскиот парламент некни ќе изјави дека експанзијата на НАТО во деведесеттите е причината за руската инвазија на Украина во февруари 2022. Но, полскиот пратеник во европскиот парламент му реплицираше дека Полска, како и сите држави од Источна Европа, сакаше да се засолни под бебедносниот чадор на Америка, светскиот хегемон кој нудеше безбедносни гаранции . Да имавме македонски пратеник во европскиот парламент и тој ќе можеше да го каже истото.Од аспект на безбедносниот интерес на малите земји ова беше целосно исправна политика. Америка е таа која мораше да мисли поинаку, ќе речат Сакс, Мершајмер и останатите американски реалисти. Мораше да мисли стратешки, што ќе рече долгпрочно,како Џорџ Кенан, брилијантниот дипломат и стратег. Каков ќе беше Балканот без американската моќ, што ќе беше со Македонија и како и дали ќе се изградеше безбедносна структура за Европа заедно со Русија а не против неа? Се редат безброј прашања… Но, нема никогаш да дознаеме за нешто што не се случило.

 

  

Најново

ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Златото повторно расте – дали треба веднаш да инвестирате?

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

Sase Ivanovski

Трамп: Не сум негов обожавател, но не мислам дека Зеленски е виновен за војната

Sase Ivanovski

Од денес може да се вози преку Галичица, заврши зимската забрана

Sase Ivanovski

(Видео) Четири лица загинаа во уривање на жичарница во јужна Италија

Sase Ivanovski

(Видео) МВР го пронајде возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен е јавен обвинител

Sase Ivanovski

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ОЗАКОНУВА ПАУШАЛНИ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА

Sase Ivanovski

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Кике Цветче и Иван Ајнштајн: Бегството не ги решава предизвиците во љубовта

Sase Ivanovski

Митрополит г. Петар: Велигден е најсветлиот празник на христијанската вера и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото

Sase Ivanovski

Од „не ни требаат странци“ до „добредојдовте, шеици“ – Чебрен станува профитабилен проект кога владее ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување

Sase Ivanovski

Кој прв ќе изгори од изигрувањето на Законот за нефер практики?

Sase Ivanovski

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Sase Ivanovski

Скандал во Хрватска: Општина платила 1.500 евра за приватен детектив да следи воспитувачка поради боледување

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Sase Ivanovski

Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС

Sase Ivanovski

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

Sase Ivanovski

Кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот

Sase Ivanovski

Американската влада ги укина визите за повеќе од 1.000 странски студенти

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Sase Ivanovski

Левица: Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден

Sase Ivanovski

„Кинескиот Илон Маск“ користи само два броја за да покаже зошто автомобилската индустрија на неговата земја сега ги надминува САД и Европа

Sase Ivanovski

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило

Sase Ivanovski

ЦУК: Мртов маж пронајден во изгорена куќа во Кавадарци, имало девет пожари на отворено

Sase Ivanovski

Кина ги отфрла обвинувањата на Зеленски дека Пекинг и испорачува оружје на Русија

Sase Ivanovski

Сајбер-криминалците се повеќе користат електронски паричници за да украдат картички

Sase Ivanovski

Нов марш за правда за жртвите утре во Кочани: Семејствата на загинатите ги повикуваат сите граѓани и медиуми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Блокадата на РТС стана бескрајно насилство

Sase Ivanovski

Далеку од колонијализам: Европа развива свои лежишта на литиум

Sase Ivanovski

Инженерите алармираат: Владата озаконува паушални фактури за струја

Sase Ivanovski

Професори и научници упатија прашање до полицијата која денеска го испрашува ректорот Владан Ѓокиќ: „Што правите?

Sase Ivanovski

Драма во Хрватска: Додека слетувал авион во Дубровник, дрон опасно се доближил до него

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Sase Ivanovski

Палестински медиуми: Најмалку 20 загинати во израелски напади во Газа

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

Најмалку 38 загинати во американски напад врз позиции на Хутите во Јемен

Sase Ivanovski

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Sase Ivanovski

Радоста од меѓусебното запознавање

Sase Ivanovski

Денко Малески: Ќе зборуваме за „нашата“ трагедија ако зборуваме и за „вашата“

Sase Ivanovski

Еден загинат и 54 повредени во руски напад врз Харков, соборени 56 украински дронови во Русија

Sase Ivanovski

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

Sase Ivanovski

Членките на ЕУ се согласија волците повеќе да не бидат „строго заштитени“ животни

Sase Ivanovski

Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Укарина ако нема јасни знаци дека може да се постигне

Sase Ivanovski

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Велики петок – најтешкиот ден во годината

Sase Ivanovski

Разговор Лавров-Рубио: Москва за понатамошна соработка за елиминирање на главните причини за украинската криза

Sase Ivanovski

Дел од Ново Лисиче ќе биде три часа без струја

Sase Ivanovski

Христијаните денеска го одбележуваат најтажниот ден во годината – Велики петок, кога Исус Христос бил распнат на крст

Sase Ivanovski

Промени во јавниот превоз, автобусите со изменет распоред за празникот

Sase Ivanovski

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи

Sase Ivanovski

Додик: Ако Република Српска ја имаше Србија против себе, ќе беше во исклучително тешка ситуација

Sase Ivanovski

Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците

Sase Ivanovski

РТС сè уште блокирана, утринската програма денеска не се емитува

Sase Ivanovski

Трамп се сретна со Мелони, па најави пресврт со Кина и договор со Европа

Sase Ivanovski

И покрај царините на Трамп, ММФ не предвидува глобална рецесија годинава

Sase Ivanovski

Дел од Аеродром без струја

Sase Ivanovski

Управните служби на МВР работат за време на Велигденските празници

Sase Ivanovski

Руските сили во текот на ноќта соборија 56 украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

На два дена пред Велигден не стивнува „битката за јајца“, освен домашни има и увозни

Sase Ivanovski

Украина и САД потпишаа меморандум за договор за економско партнерство

Sase Ivanovski

Хамас формално ја отфрли израелската понуда за прекин на огнот

Sase Ivanovski

„Тему“ и „Шејн“ следната недела ги зголемуваат цените на производите во САД

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп се закани дека ќе му забрани на Харвард да запишува странски студенти

Sase Ivanovski

Обвинителството бара построга казна за сообраќајката во Тетово во која загина Теодора Ристовска

Sase Ivanovski

Продолжуваат блокадите пред РТС: Дневникот започна два часа подоцна, редарите бараат повлекување на граѓаните

Sase Ivanovski

Граѓанскиот сектор реагира: Антикорупциска предлага услови за повеќе корупција

Sase Ivanovski

Амбасадата на Јапонија отвори повик за стипендии за додипломски или истражувачки студии во Јапонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....