Докторката од Детската Клиника Мими Кимовска Христов алармира дека на Клиниката за психијатрија се случува недозволива ситуација поради што погодена е нејзина блиска роднина, односно внуката, информира Слободен печат. Станува збор за намален капацитет на Клиниката, поради тоа што неодамна протекле тоалетите за пациенти на третиот кат, поради што Клиниката повторно се реновира, а дел од пациентите не се примани, тврди таа.
Клиниката за психијатрија е од витално значење за менталното здравје на македонските пациенти меѓу кои има и млади лица, па според Кимовска Христов во моментов се случува „изживување со нацијата“ бидејќи поради пропусти во изведбата, нејзината внука од братучед трети ден се наоѓала на импровизиран кревет во ходник во психијатриската болница „Бардовци“ зашто немало друго место во државата. Револтот кај неа како здравствен работник е голем.