В сабота на 12 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи втор протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 61 младо лице и близу 200 повредени. Маршот ќе започне од Градскиотт парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.
-На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. Маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација, истакнаа во писменото соопштение. Протестниот марш е втор по ред, откако минатата сабота близу илјада кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.