Вечерва во Ниш и во други градови во Србија се одржаа протести за поддршка на нападната деканка Наталија Јовановиќ која беше повредена со нож. -Целите ни се се уште исти, барањата не се менуваат, сакаме правдата да биде задоволена и луѓето кои се виновни да одговараат – изјави студентот Ѓорѓе Петровиќ од Филозофскиот факултет.
Тој потсети дека денешниот напад врз деканката Наталија Јовановиќ е „втор физички напад врз неа“. -Имаше многу тешки моменти, но едно е сигурно – нема страв. Немаше да истраеме и да повикаме на дополнителни протести доколку се плашевме- рече тој. На протест излегоа и граѓаните на Ваљево, Борча, Обреновац…