Ден пред германските сојузни избори, во неколку германски градови се одржаа протести против зајакнувањето на десничарските екстремистички и расистички тенденции во политиката. Според полицијата, околу 10.000 луѓе се собрале напладне во Хамбург, протестирајќи против екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија АфД и поделбата на општеството, пишува Deutschlandfunk. Алијансата, која ги вклучува „Петоци за иднината“, ДГБ Хамбург, Споменикот на концентрациониот логор Нојенгаме и турската заедница Хамбург, повика на митинг под мотото „Нема да дозволиме да бидеме поделени: Хамбург избира единство“, пренесува Тагесшау. Тие ги повикаа луѓето да гласаат утре и да го дадат својот глас за демократските партии. Вториот протест беше организиран во Хамбург под слоганот „Јасен став против десницата“, а учесниците на двата митинга се здружија во заедничка протестна прошетка. Северна Рајна-Вестфалија на нозе Во Северна Рајна-Вестфалија, илјадници луѓе повторно излегоа на улиците во поддршка на демократијата и различностите. Последниот изборен митинг на АфД почна попладнево во концертната сала Фридрих Еберт во Хамбург, а пред салата се собраа неколку стотици демонстранти.
Околу 15 часот и 20 минути дошло до тепачка меѓу 350 демонстранти и полицајци. Употребен е пепер спреј, а повредени беа три лица. Маскирани демонстранти против АфД се обидоа да стигнат до местото на настанот преку споредните улици. Според податоците на полицијата, во Крефелд се собрале околу 6.000 луѓе, а во Есен околу 8.000 учесници. Најавени се митинзи во Берлин, Хановер, Ерфурт, Кил и Аугсбург. Граѓаните не сакаа Геранија да замине десно Демонстрантите сакаат да испратат сигнал против промената надесно во Германија пред федералните избори и изборите во покраината Хамбург на 2 март. Тие скандираа „Сите заедно против фашизмот“ и држеа пароли „За АфД гласаат само идиотите“, „Омразата не е алтернатива“, „Не толеранција за нетолеранцијата“, „Не за нацистите“ или „Никогаш повеќе сега“. Во Германија утре се одржуваат предвремени парламентарни избори, а според анкетите најголема поддршка од граѓаните имаат Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија од Баварија (ЦДУ-ЦСУ), а на второ место е Алтернатива за Германија, пренесува Танјуг.