Неколку десетици лица ангажирани со договори за дело во Клиничка болница Тетово во кругот на установата одржаа јавен протест поради неисплатени хонорари и тоа што не добиле нови договори. Според нив, станува збор за над 140 луѓе кои се ангажирани како медицински сестри и техничари, болничари и администрација, кои веќе трет месец очекуваат да добијат нов договор на дело, како и исплата на хонорари за два месеци. Се бара и трајно решение, односно нивно вработување на неопределено време. Велат дека работат со договор на дело и по 10 години.
Од раководството на болницата велат дека решението не зависи од нив.„Ние веќе имаме согласност од Министерството за здравство за продолжување на нивните договори, но сè уште чекаме одобрение од Министерството за финансии“, изјави директорот на тетовската болница, Агим Бериша