Владата не може да се надева на поддршка меѓу електоратот ако тргне во процес на уставни измени, со кои Бугарите би влегле во Уставот покрај останатите заедници во земјава, покажуваат бројките во истражувањето на јавното мислење нарачано од емисијата „Детектор“, спроведено од Институтот за политички истражувања на репрезентативен примерок. На прашањето „Дали новата Влада треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот според сегашните услови или не треба да прифати дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија“, 64 од испитаниците одговориле со не, а 24 со да. Останатите дале друг одговор.
Според етничката структура, очигледни се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците. Кај Македонците 82% одговориле не, а 12,9% одговориле да. Кај Албанците, пак, 56,3% одговориле да, 11,3% одговориле не.