Плачам … Што да му советувам на мојот најдобар студент од претходната генерација?! Со ОРД, наводно, сопревме еден поширок конфликт. Колегата студент бил бебе таа фамозна 2001 година. Треба ли сега со оружје да се бори за своите основни човекови права? Претходниов семестар од предметот Макроекономија кај мене најдобар резултат и чиста десетка имаше студентот Едон Реџепи. Се надевам дека во некое идно време тој ќе се пробива низ животот врз основа на сопствените заслуги, а не врз основа на етничката припадност.