Професор во штипско средно училиште доби кривична пријава откако бил пријавен дека со метален предмет нападнал ученик, соопшти полицијата.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(59) од Кочани. Тој се сомничи за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и „насилство врз дете“. Имено, на 06.02.2025 во училница во средно училиште во Кочани, додека одржувал настава, пријавениот физички и со метален предмет нападнал 17-годишен ученик“, велат од МВР.